Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 5:19 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  September 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » September » 20 » ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!
    4:14 AM
    ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!

    ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!

    ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!

    Не, тие луѓе не се сироти бегалци, овие луѓе се логистички потпомогнати и испратени да ја срушат Европа, нејзините закони, нејзината суштина!

    Како и сите други луѓе овие денови се кршам  помеѓу емоциите кои од мене пливаат и моментот кога ги гледам тажните слики, жените, децата, кои медиумите ги нарекуваат бегалци, и тоа што навистина се случува со наводната,, мигрантска или бегалска криза“- драги мои, тука не станува збор за бегалци или мигранти!

    Токму поради тоа отидов во четвртокот пред хотелот Порин за да можам одблиску и без медиумска пропаганда одблиску да го истражувам профилот на луѓето кои во овој момент го прават масовниот хаос на овој дел од Европа.

    Само што стигнавме пред х. Порин слушнавме урлање, вриштење, извикување! Целиот хотел излезе на терасите, ги тргаа креветите, фрлаа ѓубре и извикуваа ,, СЛОБОДА“ . Во тој момент стоев пред насобраните медиуми и си помислив: Боже, што им прават внатре, дали ги тепаат, ги измачуваат? Инстиктивно веќе во себе почнав да ја обвинувам хрватската полиција за нехуманиот однос, бидејќи немаше друга причина за вакво однесување на мигрантите и вакво ,, дивеење“ и тоа во моментот кога сите добија кревет, вода, храна и простор за хигиена!

    begalci hrvatska infomaks

    Навистина, тогаш помислив дека  овие луѓе се напатени и колку им е тешко. Мигрантите на терасите од хотелот со транспарентите во раце на кои пишува -ПОМОШ, УН, АНГЕЛА МЕРКЕЛ, СЛОБОДА итн.. го обиколија цел свет, и така Хрватите во еден момент излегоа нехумани и нечовечни во медиумите, бидејќи мигрантите извикуваа дека биле заробени!

    Но, подоцна во разговор со еден мигрант дознавам дека -ОВА Е ЧИСТА МАНИПУЛАЦИЈА! Тие биле научени како да манипулираат со медиумите и како да ја испратат пораката за ,, беда и ужас“ низ целиот свет! Тие точно знаат што ги ,,пали“ медиумите и тоа навистина е така и неверојатно!

    А сега ќе ви раскажам што всушност видов!

    Прво

    После хаосот на терасите на хотелот Порин, и додека во себе имав бес кон хрватската полиција , мислејќи дека врши терор врз ,, јадните мигранти“-тие почнаа во групи да излегуваат од хотелот порин, потполно слободни и ведри. Го застанав еден од мигрантите (помлад) кој нешто како да знае англиски и го прашав-Зошто дивеевте пред неколку часа? Што Ви правеа?- А тој ми вели- Ништо, не сакавме да се евидентираме! Дали Ве тепаа или малтретираа, а тој ми вика: ,,Не, јадевме , пиевме, но не ни дадоа да одиме кон Словенија додека не се евидентираме, а ние не сакаме да се евидентираме, затоа викавме- СЛОБОДА-ПОМОШ!“

    Слушам и не можам да поверувам! Овој и останатите мигранти немаат документација, визи, пасоши. тие немаат ништо, и во земјата која ги угости подобро отколку кон своите социјални семејства, викаа СЛОБОДА-ПОМОШ,  а на тој начин ја манипулираат јавноста и манипулираат со човечките чувства, тоа го тврдам затоа што ги изманипулираа и моите чувства во еден момент! Останав во шок!

    Второ

    Како тие излегоа од хотелот Порин во групи, се сместуваат под едно дрво во близина, на ладно. Колешката и јас одлучивме да им пријдеме! Им се приближуваме и забележавме дека во оваа група има една жена неколку деца и 10 машки ( од 25-35 години) .

    begalci drvo infomaks

    Машките почнаа да ни се приближуваат . Се претставивме како новинарки и тогаш се случи нешто интересно. Машките почнаа да ги викаат децата за да стојат околу нив, и бараа од нас да ги фотографираме. Едно дете го турнаа кон колешката за да се фотографираат заедно. Ние не сакавме намерно да не ги снимаме децата, и ни стана јасно дека децата се искористуваат. Но, добро. одиме понатаму…

     

    Трето

    Имајќи предвид дека повторно наидовме на манипулација со децата за да се предизвика чувство за одговорност кон гладните и жедни деца, еден од колегите извади 10 евра и сакаше да и ги даде на едно девојче. Наеднаш целата група машки гласно извикаа:,,No money, we have a lot of money“! (Не пари, ние имаме пари), и не ни дозволија на децата да им дадеме пари. Ни пријдоа и ни рекоа дека тие не се гладни и жедни, ни извади 500 евра и ни рече дека тие не се сиромашни.

    Ги прашав што тогаш им е потребно, што всушност бараат? А тие сите заедно извикаа-Словенија!

    Четврто

    Еден мигрант на прашањето каде сега оди, ми рече-,, Одам во Финска“. Јас збунета му објаснувам дека на хартијата пишува дека треба да оди во Загреб во големиот саем, бидејќи нема документација, а тој ми рече- ма дај одам во Финска. Друг ми рече дека оди во Шведска, а ниту едниот ниту другиот немаат ништо, немаат пасош, единствено што имаат се купчиња пари.

    begalec za finska infoamks

    Распоредени се по групи , а една група брои десетина воено способни машки, а секоја група има 1-2 жени и неколку деца! Секоја група има водач кој има разработен план за пат! Нив не ги интересираат околностите, туку целта што им е зададена. дали е тоа Финска, Шведска, германија, не е важно бидејќи тие се уверени дека тие границите можат да ги поминат без проблем и така да дојдат до целта. Што е најлошо, тие успеваат во тоа!

    Исто така, морам да Ви кажам дека тие наводни бегалци или мигранти изгледаат многу добро. Многу добро се обучени, имаа супер мобилни апарати. Многу добро се организирани и ниедна нивна реченица или постапка не е спонтан!

    После цел ден со нив заклучувам! Не, овие луѓе не се сироти бегалци , тие се логистички потпомогнати и испратени да ја рушат Европа внатрешно, нејзините закони, нејзиниот ред, и смисла! Тие не бегаат од војна….

    Тие се испратени да направат хаос и тоа пред камери, а потоа оние кои ги испратиле- да дојдат наводно да  воспоставуваат ред.

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 264 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025