„БИГОРСКИ МАНАСТИР 20 ГОДИНИ ВОЗОБНОВЕНО МОНАШТВО“
Зборникот „Бигорски манастир 20 години возобновено монаштво“ кој неодамна беше промовиран во Бигорскиот манастир, во пресрет на одбележувањето на 1000- годишнината од постоењето на манастирот, претставува луксузно издание со голем број фотографии, отпечатено на македонски, англиски и грчки јазик. Во него поместените научни текстови се однесуваат на архитектурата на манастирската црква, на конаците и на другите објекти, на историјата на манастирот, на уметноста, на археологијата. Автори се академиците Драги Ѓорѓиев и Ѓорѓи Поп-Атанасов, како и д-р Викторија Поповска-Коробар, д-р Јулија Тричковска, м-р Викторија Грозданова- Коцевска, д-р Елизабета Костова, свештеник м-р Ристе Наумоски, д-р Саво Цветановски, Јасмина Чакаревска-Филип, монасите на Бигорското братство и други. Зборникот е сочинет од два дела, монашки сказанија и научни прилози. Печатењето го поддржа Министерството за култура. (К.К.)
Извор: “Утрински Весник“
|