Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:20 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » November » 6 » (Ексклузивно)ПЛАНИРАНА НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Македонија може да биде жртва на асиметрична војна!
    3:40 AM
    (Ексклузивно)ПЛАНИРАНА НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Македонија може да биде жртва на асиметрична војна!

    (Ексклузивно)ПЛАНИРАНА НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Македонија може да биде жртва на асиметрична војна!

    (Ексклузивно)ПЛАНИРАНА НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Македонија може да биде жртва на асиметрична војна!

    koribko infoamks

    Андреј Корибко е политички аналитичар, новинар и редовен автор на текстови во неколку онлајн списанија. Член е на експертскиот совет при Институтот за Стратегиски Студии и Предвидувања на Универзитетот “Народна Соработка” во Русија. Тој специјалзира во Руски надворешни работи и геополитика, поточно во стратегијата на САД во Евроазија. Негови останати сфери на интерес се тактиките на промена на режими, обоени револуции и неконвенционална војна која се употребува во светот. Неговата книга “Хибридни војни: Индиректен Адаптивен пристап кон Промена на Режими”, екстензивно ја анализира состојбата во Сирија и Украина и докажува дека таму се одвива нов модел на стратешка војна која ја води САД.

     

    МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

    Луѓето во Македонија се манипулираат кон нова политичка криза, а за тоа директно се виновни Зоран Заев и неговите странски поддржувачи. СДСМ започна и продолжува со опструкција на Договорот од Пржино со форсирање на нови и претходно недоговорени барања со Владата, претходно добро знаејќи дека тие ќе бидат децидно одбиени како повреда на првичниот договор. Тој не постапува по сопствено убедување, туку онака како што го советува Питер Ван Хојте, официјалниот “медијатор” помеѓу најголемите политички партии кои се вклучени во преговорите. Вредно е да се напомене дека, Ван Хојте е конфликтен профитер кој е платен двојно за неговите “услуги”. Имено, врз оние 900 евра дневно кои ги добива како плата, шпекулации говорат дека тој заработува и екстра од црните пари на Заев, што значи дека комплетно е компромитирана неговата претпоставена “неутралност”, а тоа се доволни аргументи за тој да биде заменет како “медијатор” во преговорите.

     

    analiza_koribko_naslovna

    БЕЈЛИ Е ПОЗАДИ СЦЕНАТА

    Промена на медијаторот во преговорите најверојатно нема да се случи, бидејќи Ван Хојте оперира под водството на Амбасадорот на САД Џес Бејли, индивидуата која ги влече конците целото време. Вредно е да се спомене и да се потсетиме на неговите претходни искуства во Стејт Департментот и симултаното менаџирање на билатералните релации со Турција, Грција и Кипар како дел од одговорностите кога тој беше Директор на Канцеларијата за Јужно Европски Работи, како што е презентирано во неговата онлајн биографија. Ова докажува дека тој има надарена способност да ги изигра двете страни, во случајов Грција и Кипар против Турција, а се во корист на САД. Најверојатно тој се обидува да го емулира ова искуство на помало ниво, изигрувајќи ги ВМРО против СДСМ, а оттаму и потребата да се има човек како Ван Хојте кој ќе му наредува на Заев да направи што треба за да го блокира Договорот од Пржино. Откако ова ќе се случи, Бејли најверојатно ќе ја употреби неговата друга професионална способност, а тоа е менаџирање со Обоени Револуции, токму онаква како во Турција против Ердоган додека беше Заменик шеф на мисијата и извршен дипллмат во амбасадата на САД во Анкара. Треба и да се потсетиме дека Бејли е амбасадор во Македонија од Јануари, токму тогаш кога дестабилизацијата на Републиката тргна со полна пареа.

     

    ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ, СО ИЛИ БЕЗ ЗАЕВ

    Причината за актуелната криза е бидејќи Ван Хојте се закани дека нема да има избори доколку Договорот од Пржино не биде имплементиран. Овој трик е наменет со цел да се остави дамка на рејтингот и репутацијата на Премиерот Груевски како “диктатор” и дека “намерно” не дозволува да се одржат избори, без разлика на тоа што вината за тоа е СДСМ, не ВМРО. Тие знаат дека доколку избори се одржат денес, опозицијата ќе изгуби со голема разлика. Скорешните резултати од истражувањето на јавното мислење на Брима Галуп докажува дека ВМРО има повеќе од двојна поддршка од електоратот за разлика од СДСМ, а различно истражување спроведено за неделникот Република потврдува дека владеачката партија освојува повеќе поени од СДСМ во сите категории на владеење и тоа со огромна разлика. Како и да е, заканите за откажување на изборите не се избори и одлука на Ван Хојте, како што и Премиерот Груевски  го потсети светот во својот говор на Денот на Револуционерната борба на 23 Октомври. Тој гордо прокламираше дека ниту еден странец нема да решава за иднината на Македонија, и дека такво право имаат само граѓаните на државата. Ова може да биде прочитано како силен сигнал дека Владата ќе оди на вонредни избори без разлика на тоа дали СДСМ ќе ги бојкотира или не, на база на наредбите на Ван Хојте и Бејли.

     

    ШЕМИ СО СОРОС

    Од САД неможе да се очекува дека ќе се откаже од планот да ја контролира Македонија само затоа што Заев ќе ги бојкотира изборите, онака како што ќе му наредат. Тие навистина се подготвуваат за асиметрична агресија под превезот на политичкото повлекување. Работејќи заедно со огромниот број на НВО групи контролирани од Џорџ Сорос, организациониот и операциониот мозок позади секоја Обоена Револуција и експертот за креирање на куклени држави, за очекување е дека Заев ќе притисне кон нова рунда на дестабилизација преку улиците на Скопје како и на други места низ земјата. Овие заеднички двигатели (НВО и СДСМ) имаа доволно време да научат од грешките и од пропаднатите обиди во Мај, затоа се очекува дека следниот бран дестабилизација ќе биде многу пософистициран и опасен.

     

    ОБОЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Ова повторување на дестабилизацијата ќе вклучува и тактичка импровизација на жив штит составен од деца и “бегалци демонстранти”, со што драстично ќе се отежне работата на властите за адекватна реакција на најновите обиди за дестабилизација. Некои од погрешно наведените средношколци веќе беа фатени како добиваат речиси 20$ за протестирање против најновите образовни стандарди, затоа не е нереално да се претпостави дека овој “лажен” протест ќе се приклучи на Обоената Револуција на СДСМ кога ќе им се даде сигнал. Исто така, сево ова се случува во момент кога се одвива невиден прилив на илијадници недокументирани индивидуалци кои илегално поминуваат низ Македонија секој ден, а знаејќи ги симпатиите на Сорос кон нив, може да се очекува дека добра бројка на овие луѓе во секој момент може да бидат платени да се придружат на анти-владините манифестации.

    Веќе кружи гнасна информациона кампања која треба да ја обвини Македонската влада и Премиерот Груевски лично за секоја потешкотија низ која поминуваат бегалците, а сето тоа со намера да се добие меѓународна анти-владина поддршка која може да биде канализирана во официјални повици за смена на власта во иднина. Во ситуација каде професионални провокатори во СДСМ насилно ја напаѓаат полицијата и во состојба кога државата е ставена во ситуација да одговори со цел воспоставување на ред и мир, може да се претпостави дека деца и “бегалци” ќе бидат користени како живи штитови со цел да се испровоцира глобална осуда против Македонија. Вистинските пријатели на Македонија веќе ги искусија овие гнасни манипулативни кампањи против себе, и ќе знаат што се случува и ќе застанат покрај демократски избраната Влада на Македонија. Ова најпрво и највеќе ќе биде Русија, чиј Амбасадор беше единствен дипломатски претставник кој положи цвеќе и се поклони пред борците за слобода на Македонија на Денот на Револуционерната Борба, чин кој дури и Заев одби да го направи.

     

    “ГОЛЕМА АЛБАНИЈА”

    Заедно со обидот за Обоена Револуција, можам да претпоставам дека терористичка група со Албанска афилијација ќе се обиде да направи воен конфликт. Заев веќе се обидува да го заузда ѕверот на етнички раздор со играње на рационална политика и нереални ветувања на Албанската заедница и предлози за идна федерална држава. Али Ахмети, кој се повеќе се потчинува на Заев, во неофицијална информација за еден дневен весник изјавува дека доколку Пржино пропадне, тогаш ДУИ ќе го напушти парламентот и власта и ќе формира сепаратистичка влада во Северозападна Македонија, вклучително со сопствен парламент и премиер. Терористичкото крило на партијата веќе се оддели и формираше сопствена политичка група, или еден вид реинкарнација на ОВК, и се поизвесно е дека овие борци ќе бидат “војската” за следното започнување на проектот “Голема Албанија”, ако Ахмети навистина се залага за де-факто сецесионизам. Во тој случај, исто како и во Сирија која мораше да се брани од терористите спонзорирани од странски држави како Турција, исто така и Македонија ќе треба да го направи истото против Албанија, тогаш ризиците од регионална војна драстично ќе се зголемат!

     

    ДОБРО ДРВО, СКАПАНИ ЈАБОЛКА

    Сите треба да се потсетат дека до овој момент Албанската популација веќе ја докажа својата определба за мултикулурна, поликонфесионална, и унитарна Македонија преку константното одбивање да се придружат на Обоената Револуција минатиот Мај, иако имаше исклучителни напори да се провоцираат (Смилковско, Монструм). Најголемиот дел од Албанската популација заслужува аплауз, огромен аплауз, бидејќи ако тие потпаднеа под искушението за милитанта борба за “Голема Албанија” во тој период, тогаш земјата ќе западнеше во тотален хаос. За среќа, тие не потпаднаа на манипулациите, и ова заслужува да биде признаено и прославено, но имаше и ужасни случаи на неколку екстремистички индивидуалци кои се обидоа да расипат се.

    Овие беа блиски до СДСМ терористи на ОВК кои сакаа да извршат напади низ целата земја за време на Обоената Револуција. За среќа, Македонското разузнавање ги откри пред да се случат нападите, и храбрите безбедносни сили успеаа да ја запрат заканата пред да биде спроведена, за жал неколкумина херои ги изгубија нивните живот во процесот на одбрана на земјата. Затоа, сите треба да бидат потсетени дека Албанското население е определено за мирна, стабилна и демократска Македонија, но има неколку скапани јаболка кои се обидоа да ги наведат на другата страна. Во иднина, најскапаното јаболко од сите најверојатно ќе се докаже дека е Ахмети!

     

    ПРОДОЛЖУВА…

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 295 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024