Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » November » 6 » СТАПОТ ИМА ДВА КРАЈА: Наместо “Голема Албанија”, може и да нема Албанија!
    3:45 AM
    СТАПОТ ИМА ДВА КРАЈА: Наместо “Голема Албанија”, може и да нема Албанија!

    СТАПОТ ИМА ДВА КРАЈА: Наместо “Голема Албанија”, може и да нема Албанија!

    СТАПОТ ИМА ДВА КРАЈА: Наместо “Голема Албанија”, може и да нема Албанија!

    Земјата пати од таков степен на корупција и лошо управување што доведе илијадници нивни граѓани да побегнат, што само допринесе за економската криза во која Албанија се наоѓа и го зголеми стравот од политички немири.

    Надворешните набљудувачи се склони на мислење дека Албанија е монолитна земја, но под покривката наречена “Голема Албанија” се крие длабока општествена поделба, која повремено се ублажува преку вентилот на етнички иредентизам. Земјата пати од аков степен на корупција и лошо управување што доведе илијадници нивни граѓани да побегнат, што само допринесе за економската криза во која Албанија се наоѓа и го зголеми стравот од политички немири.

    Елитата во Тирана прибегнува кон митот за “Голема Албанија”, вклештена помеѓу основните општествено-економски проблеми и заканата дека гео-дијалектската поделба еден ден би можела да добие политички контури, и за да го задржи “единството” и земјата и за да го престрои големиот бес на општеството, го поместува вниманието кон “регионалната крстоносна војна”.

    Како нешто што ги засилува поделбите исто така треба да се спомене и постоечката географска поделба и разликата на дијалектите на Гегите и Тоските кој има потенцијал да се претвори во конкретна регионалистичка идентитетска криза, која ја ослабува кохезијата на албанската држава.

    Примерот на бившата Југославија, поточно Србија и Хрватска, чии јазици и различни дијалекти од заеднички јазик, покажува колку дијалектот е длабоко вкоренет во политиката. Нема причина Гегите и Тоските во Албанија на северот и југот да бидат исклучок, дотолку повеќе бидејќи неговите дијалекти се многу поразлчни отколку српскиот и хрватскиот. Југославија имаше комунистичка идеологија за да ги соедини различните идентитети, додека Албанија ја има “Голема Албанија”. Но она што се случи во Србија и Хрватска по комунизмот, гарантира дека помеѓу Гегите и Тоските постои напнатост затоа што идејата за “Голема Албанија” нема да ги држи соединети.

    Не мора да значи дека ривалството помеѓу Гегите и Тоските ќе доведе до поголемо насилство како за време на распадот на Југославија или како сега на Блискиот Исток, но треба да биде јасно дека кога идеологијата “Голема Албанија” ќе ја снема, како кога ја снема комунистичката идеологија во Југославија, почнуваат да се појавуваат поделби (кои на големо ги манипулираат и странски актери).

    Нешто слично се случува на Блискиот Исток. По Втората светска војна, сите арапски земји беа против Израел, но кога јен панарапската идеологија започна да бледее, и кога некои земји го признаа својот бивш непријател (Египет, Јордан) или почнаа со Израел да влегуваат во де факто стратешки сојуз (Саудиска Арабија и заливските држави), за САД стана многу полесно да манипулираат со секташите разлики во муслиманскиот свет за да се спроведат принципите на поделби па владеј.

    Ситуацијата во Албанија е слична, со таа разлика што во неа многу поприродно е секој нејзин составен дел од идентитетот да се раздвои без било какво странско вмешување. Впрочем, странските интервенции (во овој случај позитивната покриеност во американските и западните медиуми) е одговорна за засилување на идејата за единствена “Голема Албанија”. Сепак, во случај домашните дисиденти да станат доволбо храбри и јавно да проговорат против “Голема Албанија” (ако тоа се случи, тоа најпрво ќе биде некој од христијанската заедница), тогаш разликите би можеле бурна да испливаат на површината (најверојатно на чело со потиснатата Гега мнозинска заедница). Можеби тогаш ќе се дојде до заклучок дека “Албанија” како заедница на Гегите и Тоски станала исто толку анахрона како Југославија како заедница на Срби и Хрвати. Не мора да додје до полн и крвав распад, но едвај одржлива заедница би можела да биде претворена во федерација на два независни дела.

    Албанските политичари агитираат за обновување на “Голема Албанија” од времето на фашизмот како очајна мерка да се надополни внатрешната слабост. Неуспехот на економијата на земјата ја наложува потребата да се оттргне вниманието на граѓаните од внатрешните проблеми, а потенцијалот на заедниците на Геги и Тоски по линијата север – југ да формираат регионалистички идентитети ја притискаат елитата во Тирана непрестајно да ја истакнува оваа “обединителска” идеологија.

    Но, кога идеологијата “Голема Албија” ќе покаже дека не е способна да донесе прогрес, и кога нејзиниот хипнотизирачки ефект ќе престани, мнозинството на незадоволни и сиромашни граѓани на оваа земја може да се одвои од својот индициран “транс” и да се сврти кон елитата која е навистина одговорна за нивната состојба, а тоа би можело да доведе до протести како во Молдавија, што би можело да предизвика национална дестабилизација, посебно ако таргетираниот лидер одбива да даде оставка, или ако уште полошо, државата прибегне кон насилство за да ги растера демонстрантите. Текот на понатамошните случувања ќе зависи од тоа како Тирана ќе одговори на протестните движења и од тоа кој социјален елемент ќе игра водечка улога во организирањето на демонстрациите.

    Христијанската заедница е во голема мера запоставена во Албанија, но не и помалку важна, а сочинета од Православни и католици. Албанија има историја на верски судири, а во периодот на раководството на Енвер Хоџа, државата забрани секаква религија. Тоа беше внатрешна војна помеѓу владата и сите религии, а по падот на комунизмот, албанските елементи поведоа уште една верска војна, исто така со поддршка на владата, но овој пат надвор од нејзините граници, со намера за брутално чистење на христијанското население во Косово. Од агол дека доаѓа нова фаза на верски војни во Албанија, но овој пат тие можеби одново ќе бидат сконцентрирани во самата земја.

    Ако христијаните почнат да спроведуваат заедничка политика, и се изјаснат против “Голема Албанија”, без разлика дали од верски или прагматични причини, тоа би било најголем напад на националното единство кое Албанија било кога го доживеала. Тоа автоматски би придонело до некоја врста на државно-спонзориран одговор.

    Предвидената “мека” исламизација на општеството, стратегија која ја предлага Турција, и која веќе очигледно се припрема, на крајот би била катастрофална единствено за државата, и таа повеќе би ја поларизирала земјата отколку што би ја сочувала, наспроти уверувањата на Ердоган. Доколку дојде до исламизација на земјата по принципот не Ердогановата Турција, тоа може да навести дека христијанското малцинство поблизу да се идентификува со своите истоверни соседи, отколку со идејата за “Голема Албанија”.

    Метежот кој со сигурност би ја следел би оживеал под националната свест во Албанија што би можело да го поплочи патот за слабеење на претпоставената “кохезивна” улога на албанската држава. Тоа само по себе веројатно ќе ја запре националната мобилизација неопходна да се заживее неодредениот поим “Голема Албанија”, откако нејзините граѓани ќе почнат да размислуваат “Гега Албанија” и “Тоска Албанија”.  Тоа ирончни може да стане можеби најдолготрајниот (и иронично самонаметнат) начин на одвраќање од албанска агресија, а со самото тоа и најцврсти гарант на мирот на Балканот во иднина.

    koribko infoamks

    Андреј Корибко

    Извор: “Инфомакс“

     

     

     

    Views: 215 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024