Асошиејтед прес повикувајќи се на полициски извори јави дека во концертната сала во Париз напаѓачите убиле најмалку 100 луѓе.
Луѓето евакуирани од салата сега се носат во болница. И сведоците и полицајците го опишуваат местото како „вистински масакр“, а насекаде има мртви тела. Францускиот претседател Франсоа Оланд е на пат кон салата.
Франција ги затвори границите и прогласи вонредна состојба. Само на улиците на Париз се распоредени 1.500 припадници на војската, во полна борбена опрема.
Исламистите на социјалните мрежи отворија хаштаг Париз во пламен и ги слават нападите.
Извор: “Инфомакс.мк“