Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » November » 17 » Балканската маршрута сѐ уште е проодна за терористите
    4:17 PM
    Балканската маршрута сѐ уште е проодна за терористите

    Балканската маршрута сѐ уште е проодна за терористите

    Додека одговорните служби во земјите низ кои минал еден од напаѓачите во Париз го преиспитуваат своето дејствување, последните информации објавени од „Спутинк“ укажуваат дека најмалку 20 проценти од оние што бараат азил во Европа, а доаѓаат од Блискиот Исток се припадници или на некој начин се поврзани со ИД или со сличните милитантни организации од тој дел од светот. Многумина од нив до Европа стигнале токму преку балканската маршрута

    ЗАСИЛЕНИТЕ КОНТРОЛИ И РАЗМЕНАТА НА ИНФОРМАЦИИ ОСТАНАА САМО НА ХАРТИЈА

    Во моментите кога светот е згрозен од ужасните петочни терористички напади во Париз, во светската и во домашната јавност останува прашањето како најмалку еден од напаѓачите во Франција, и покрај одредени разузнавачки сознанија, непречено преку „балканската маршрута“ стигнал до западноевропските земји. И додека одговорните служби во земјите низ кои минал напаѓачот го преиспитуваат своето дејствување, последните загрижувачки информации објавени од руската новинска агенција „Спутинк“ укажуваат дека најмалку 20 проценти од оние што бараат азил во Европа, а доаѓаат од Блискиот Исток се припадници или на некој начин се поврзани со Исламската држава или со сличните милитантни организации од тој дел од светот. Многумина од нив до Европа стигнале токму преку балканската маршрута.

    - Се проценува дека најмалку 4.000 затскриени припадници на ИД и на другите радикални исламистички групи, под маската на бегалци, поради слабата контрола на границите на земјите по должината на балканската маршрута веќе влегле длабоко во Европа - изјавил сирискиот дипломат во Русија, Раиб Абас, за новинската агенција.

    Дополнително алармира и написот во белградскиот весник „Блиц“, во кој се вели дека бегалците што влегуваат во Србија неретко со себе носат „кујнски ножеви“ што надлежните им ги одземаат при личниот претрес на контролните пунктови и во прифатните центри по должината на маршрутата.

    Весникот пишува дека повеќето од нив практично со себе не носат никакви документи и дека од страна на српските служби првпат им се земаат отпечатоци од прстите, се фотографираат и се евидентираат како бегалци.

    Пишувањето на „Блиц“ се совпаѓа со сознанието на репортерската екипа на „Нова Македонија“ што минатата недела беше на границата со Грција и се увери дека поради големиот наплив, некои од бегалците успеваат да се протнат без темелна проверка од страна на македонските погранични служби.

    Токму затоа од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов веќе извесно време инсистираат европската гранична полиција Фронтекс да спроведува контрола и на грчко-македонската граница, иако, според досегашните договори, таа треба да оперира само на влезните граници на членките на Европската Унија. Како втора проблематична точка деновиве се споменуваат прифатните центри за мигрантите, места во кои, според некои сознанија, радикалните исламисти ги мобилизираат идните извршители на нивните цели. И ова беше уочено како потенцијален проблем и токму затоа, како што дознаваме од извори блиски до претседателот Иванов, тој инсистираше капацитетите на прифатните центри во Македонија да се ограничат на најмногу 2.000 места. Тоа дојде како одговор на одлуката на лидерите на Европската Унија и на Западен Балкан од пред околу еден месец, кога тие во Брисел го усвоија планот од 17 точки со кој треба да се воспостави контрола врз движењето на мигрантите и да се спречи хуманитарна катастрофа. Тогаш беше соопштено дека во иднина ќе се отворат прифатни центри за 100.000 бегалци, од кои половината во Грција, а преостанатите во другите земји по должината на балканската маршрута. 

    Освен тоа, претседателот Иванов посочи и на проблемот со недоволна соработка во делот на размена на информации меѓу службите на одделните земји, пред сѐ во делот на размена на информации. Дали оваа ситуација може да се промени е прашањето за кое надлежните засега немаат одговор, но експертите имаат свои објаснувања. 

    Универзитетскиот професор Стојан Славески истакнува дека е вообичаено по нападите каков што се случи во петокот во Париз да има „големо размрдување“ во безбедносната комуникација меѓу земјите. 
    - Искуството од минатото покажа дека, на пример, по претходните напади во САД имаше зголемена комуникација меѓу безбедносните апарати на разните држави. Но, и покрај притисокот на Вашингтон тоа да продолжи, размената на информации, за жал, и натаму остана традиционално слаба - вели професорот.

    Тоа е така бидејќи, како што вели, разузнавачките служби по природата на нивното функционирање се затворени, скептични кон соработка со другите, зашто работат со материја што се смета дека е составен дел од суверенитетот на една земја.

    Тој верува дека Франција по последните случувања ќе се обиде да го направи истото што некогаш го направија САД и ќе поттикне размена на податоци поврзани со бегалците меѓу сите служби по должината на линијата по која тие транзитираат.

    - И ние во Македонија имавме слично искуство кога ни се случи бунтот во 2001 година. Тогаш формиравме кризен менаџмент за превентива на овие случувања, но и тој остана само декларативен без некоја поголема соработка со соседите на ова поле - резимира професорот.

    И рускиот воено-политички аналитичар Андреј Корубко вели дека Европа се соочува со проблемот на провлекување терористи заедно со бранот на мигранти оти има недоволно добар систем, кој е претерано либерален по ова прашање. 

    - Грешно е да се помисли дека секој од бегалците што се обидуваат да стигнат во Европа е терорист, но не смее да се замижи пред загатката колкав процент од нив навистина се такви луѓе - вели Корубко.
    Според него, рускиот пристап кон проблемот практично дал подобри резултати од оној на земјите на ЕУ, бидејќи во самата основа секогаш бил попрагматичен.

    - Руските власти секогаш им помагаат на бегалците, но истовремено спроведуваат построги мерки за нивна безбедносна проверка што се разликуваат многу од германскиот метод на политиката на отворени врати за сите - вели аналитичарот. Тој мисли дека овој начин на либерално-прогресивно размислување кога станува збор за безбедносни прашања доведува до ситуацијата земјите да станат слепи за вистинската намера што ја имаат луѓето што сакаат да спроведат активности за нарушување на безбедноста на една земја. Според него, единствениот начин Европа да го преживее ова случување е да го прифати фактот дека нивото на безбедност константно се менува, со што треба да се менуваат и политиките на земјите во справување со заканите.

     
       

    Автор: Александар Србиновски / aleksandar.s@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

      Фотографија: Маја Јаневска-Илиева

     

    Views: 479 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    И рускиот воено-политички аналитичар Андреј Корубко вели дека Европа се соочува со проблемот на провлекување терористи заедно со бранот на мигранти оти има недоволно добар систем, кој е претерано либерален по ова прашање.
    - Грешно е да се помисли дека секој од бегалците што се обидуваат да стигнат во Европа е терорист, но не смее да се замижи пред загатката колкав процент од нив навистина се такви луѓе - вели Корубко.
    Според него, рускиот пристап кон проблемот практично дал подобри резултати од оној на земјите на ЕУ, бидејќи во самата основа секогаш бил попрагматичен.
    - Руските власти секогаш им помагаат на бегалците, но истовремено спроведуваат построги мерки за нивна безбедносна проверка што се разликуваат многу од германскиот метод на политиката на отворени врати за сите - вели аналитичарот. Тој мисли дека овој начин на либерално-прогресивно размислување кога станува збор за безбедносни прашања доведува до ситуацијата земјите да станат слепи за вистинската намера што ја имаат луѓето што сакаат да спроведат активности за нарушување на безбедноста на една земја. Според него, единствениот начин Европа да го преживее ова случување е да го прифати фактот дека нивото на безбедност константно се менува, со што треба да се менуваат и политиките на земјите во справување со заканите.

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024