РУСКАТА АМБАСАДА ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Делегација од Руската Амбасада положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на македонските полицајци
Амбасадата на Руската Федерација денес со своја делегација претставници положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на загинатите Македноски херои во Куманово на гробиштата во Бутел.
Дипломати, претставници на Амбасадата на Руската Федерација положија свежо цвеќе и се поклонија на хероите на Македонија кои ја одбранија државата од терористичката напаст, која имаше за цел спроведување на мрачно сценарио во Македонија.
Од амбасадата велат дека сочуствуваат со семејствата на загинатите, и дека загинатите полицајци се континуитет на ХЕРОЈСКАТА анти-фашистичка борба која до ден денес трае преку овие терористички напади, финансирани и командувани од странски центри.
Руската Амбасада во Македонија им благодари на хероите!
Извор: “Инфомакс.мк“
|