Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » January » 24 » ИМА ЛИ НАФТА ВО МАКЕДОНИЈА: Дупчење во Овчеполието покажало дека има големо количество нафта – проектот запрен!
    5:40 AM
    ИМА ЛИ НАФТА ВО МАКЕДОНИЈА: Дупчење во Овчеполието покажало дека има големо количество нафта – проектот запрен!

    ПА ЗАВРШИВ ВО ТОГАШНАТА “КУЛА“ КАДЕ БАШ ЈА ДИСКУТИРАВМЕ ОВАА ТЕМА СО (ТОГАШ) ЦРНО ВИНО И ЗОРАН ПРЕДИН ВО ПОЗАДИНА...

    ИМА ЛИ НАФТА ВО МАКЕДОНИЈА: Дупчење во Овчеполието покажало дека има големо количество нафта – проектот запрен!

    ИМА ЛИ НАФТА ВО МАКЕДОНИЈА: Дупчење во Овчеполието покажало дека има големо количество нафта – проектот запрен!

    Силната ерупција предизвикана од дупчењето извадила нафта и гас на површината на ерџелиската дупка на 2 февруари 1969 година. Веста за нафта силно го протресла штипскиот и светиниколскиот политички естаблишмент и населението. Расположението почнало да преминува во позитивистичка колективна хистерија. Ова го возбудило и врвниот политички естаблишмент во Белград.

    lazo-kolisevskiЗаради тоа дури Лазар Колишевски, кој во тоа време бил член на претседателството на Централниот комитет (ЦК) на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ) и член на Советот на Федерацијата (член на највисоко раководство на владејачката партија н.з.) дошол да ја смирува атмосферата и да даде инструкции на локалните политичари, стопанственици и партиски делегати. Колишевски во Свети Николе го придружувале високи државни и економски претставници, што потврдува дека настанот од 2 февруари силно ги разбранувал сите структури во тогашната федерација.

    Во написите објавувани тогаш на насловните страници на “Нова Македонија” пренесени се сведоштва на работници на ерџелиската нафтена истражна платформа.
    Близу Ерџелија , „Нафта гас“ најде траги од нафта

    “Плодородното Овче Поле, еден од житородните региони, е на добар пат во блиска иднина да прерасне во прво нафтоносно поле Македонија. По повеќемесечни истражувања, работната единица на “Нафта Гас” од Нови Сад, под раководство на инженерот Зоран Миловановиќ, на дупката Овче Поле 1, близу селото Ерџелија, Светиниколско, наиде на првите слоеви на нафта и гас“. (Нова Македонија 5 февруари 1969 година)

    “Одвај успеавме да ја запреме силната ерупција на нафта и гас. Ако не успеевме можеше да се случи најлошото. Сега ерупцијата како што гледате е скротена и таа ќе се пушти кога за тоа ќе бидат извршени подготовките“, ни рече Рајко Митровиќ, водач на смената на дупката и работник од “Нафта Гас”. Ова е изјава што “Нова Македонија” ја објавила како главна вест на насловната страница на 5 февруари 1969 година.

    Станува збор за сведочење на работник, кој работел на нафтената платформа кај селото Ерџелија.

    “Нова Македонија” објавила дека експлозијата на гасот предизвикана од бушилката на “Нафта Гас” се случила во неделата на 2 февруари околу 10 часот утрината. Во текстот објавен на 5 февруари пишува дека на длабочина од само 470 метри избила силна експлозија на гас со појава на нафта која, како што пишува, можела да се види дури од Ерџелија.
    Нафта кај „Мечкова дупка“

    Во Ерџелија бевме во соработка со ерџелиецот Зико Зиков, беше на платформата, на која за прв пат во Македонија избила нафта, која се наоѓа во месноста “Мечова дупка”, во ерџелискиот атар. Таму под бетонската платформа во средината на отворот се наоѓа вентилски систем со превентор, со кој дупката е конзервирана и се чува за можни идни активности.

    ovcepole

    Во извештајот од терен објавен во “Нова Македонија” во далечната 1969 година пишува дека при посетата на локалитетот шесте работници на “Нафта Гас” се подготвувале за инсталирање на инструменти, кои меѓу другото требало да покажат и колкави количества нафта и гас се кријат во длабочините на Овчеполието.

    Смената ја сочинувале водачот на смена Рајко Митровиќ и Бјеловук Билиќ, Благој Николиќ, Геза Келеман, Елинко Младенов и Василије Миличевиќ. Во тоа време на дупката се работело во три смени, деноноќно, под мошне тешки временски услови. Во смените работеле вкупно 36 работници, а до месноста можело да се стигне со трактор или со теренско возило. Раководителот на работите инженерот Зоран Миловановиќ, во бројот од 6 февруари, на насловната страница на “Нова Македонија” соопштил дека првичните резултати се охрабрувачки, но дека не може да каже колкави се количествата нафта што може да се кријат таму. Миловановиќ најавил дека ќе треба да се почека извесно време за да се направат лабораториски анализи на примероците на нафта и гас. Според изјавата што тогаш ја дал Душко Гиговски, претседател на општинското собрание на Свети Николе, било предвидено во градот на крајот на неделата да биде одржана конференција за печатот за откритието на нафта и на природен гас. Тој изразил оптимизам дека работите ќе продолжат и дека истражувањата на крај ќе бидат позитивни и дека може да се размислува за изградба на рафинерија во тој крај. Во текстот се споменати и жителите на Ерџелија кои полни со оптимизам очекувале изградба на асфалтен широк пат кој ќе поминува непосредно покрај нивното село, а ќе ја поврзува месноста на дупката со магистралниот пат.

    (Дел од новинарското истражување на Никола Стојанов, објавено во неделникот „Капитал“ есента 2006 година)

    Извор: “Инфомакс.мк“

    Views: 525 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024