За српскиот патријарх Србија и Грција се соседи, а за грчкиот епископ Македонците се „псевдо Македонци“
За време на својата повеќедневна посета на Австралија српскиот патријарх Иринеј имал средба и со грчкиот епископ дервиски Језекиљ во Џилонг, во близина на Мелбурн. На таа средба Иринеј се осврнал на историските блиски релации на Грците и Србите.
Во тоа свое обраќање, српскиот патријарх зборувајќи за духовната блискост меѓу Србите и Грците, рекол дека се тие нешто повеќе од комшии.
На ова се надоврзал и Језекиљ кој рекол дека неговиот татко, кој инаку бил роден во близина на границата со тогашна Југославија, не ги признавал Македонците и сѐ она нагоре од границиата го сметал. Језекиљ рекол дека се тоа „псевдо Македонци“, пренесува порталот Религија.мк.
Слушнете ги изјавите.
https://youtu.be/IKXZx6iOD-0
Извор: “МКД“