Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » March » 12 » СИТЕ ТАЈНИ ЗА “БОНДСТИЛ”: Американската база на 40 километри од Скопје, која е закана за целиот слободен свет!
    3:50 AM
    СИТЕ ТАЈНИ ЗА “БОНДСТИЛ”: Американската база на 40 километри од Скопје, која е закана за целиот слободен свет!

    СИТЕ ТАЈНИ ЗА “БОНДСТИЛ”: Американската база на 40 километри од Скопје, која е закана за целиот слободен свет!

    „Кампот Бондстил“ е најголемата  американска воена база изградена после Виетнамската војна било каде во светот, а по некои параметри, најголемата американска база во Европа. Има своја екстериторијалност и се потчинува само  на Пентагон.  Потреба за таква локација се појавила веднаш после распадот на СССР. Руските воени стручњаци сметаат дека оваа база  може да се употреби за размена на сите видови оружје,  вклучувајќи ги и елементите на ПРО.

    amerikanec bonstil infomaks

    Американски војник пред дрвената касарна на  воената база „Бонстил“ во Косово.
    Базата има околи 300 објекти и автономен систем за снабдувања со електрична енергија и вода. 

    Може да  се каже дека американската база „Кампот Бонстил“ во Косово (Camp Bondsteel, или скратено Бонстил) е најпознатиот и воедно најпрочуениот по злосторства американски воен комплекс во Европа.Се наоѓа во близина на Урошевац-источниот дел на Косово.Името го добива во чест на постариот водник на американската војска Џејмс Бонстил кој војувал во Виетнам и добил медал за чест-најголема воена награда во САД. Формално Бонстил служи како седиште на Повеќенационалната оперативна група ,,Исток“ под команда на САД, но нејзиното вистинско значење ги надминува задачите на мировните единици на КФОР.

     

    генерал Леонид Ивашов,
    Академија за геополитички проблеми

    Изградбата на комплексот почна 1999 г. после бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО и влегување на американскиот воен контигент на територијата на Косово. Бондстил  тајно  го граделе американски воени инжињери како и стручни лица од приватните компании Kellogg, Brown and Root Corporation (KBR). Базата почнува да работи летото 2000 г. Базата завзема  површина од 3,86 квадратни километри, со неправилен облик, а нејзиниот обем изнесува околу 11,3 km. Во  базата има околу 300 објекти, а меѓу нив инфраструктура за стационирање на хеликоптерските, артирелиските и тенковските единици, автономен систерм за снабдување на електрична енергија и вода , ТВ систем, кино, трговски центар, голем спортски комплекс, библиотека, затворен базен и супермодерен болнички комплекс. Вкупната должина на патиштата на територијата на базата изнесува 25 km. Комплексот е заобиколен со земјен и бетонски штит долг  14 km со бодликава жица и 11 посматрачници.

    Базата „Бонстил“ од самото отворања има и задача да спроведува тајни операции кои не можат да ги контролираат ни ОН, ниту европските и евроатлантските организации, вклучувајќи го и НАТО. Тоа го потврдува фактот дека  „Бонстил“ директно е под контрола и одговара само пред Пентагон и има екстериторијалност.

     Збигњев Бжежински,
    поранешен советник на председателот на САД за национална безбедност

    Геополитика на „Бонстил“

    Овој објект во Бонстил не го користат само  Американците, туку и единиците на другите членки на НАТО.

    Уште поважен факт е што објектит на САД во Косово се наоѓаат во центарот на воената и територијалната,,осовина“ која се протега од Италија кон Турција..

    bus infomaks

    Председателот на САД  Џорџ Буш Помладиот во посета на американската база ,,Бонстил“ во косово 24. јули 2001. Тогаш Буш беше вториот американски претседател што го посети Косово во рок од две години.

    Понатаму базата„Бонстил“ овозможува САД да ги контролира водите на  Средоземното и Црното море, како и патиштата кон Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказ, а исто така и трасата на постоечките и идните цевководи од регионот на Каспиското езеро и Централна Азија. Се работи конкретно за проектот на нафтоводот Бургас-Скопје-Влора, за кој  министерот за  енергетика на САД Бил Ричардсон 1999. изјави дека станува збор за ,,енергетска сигурност на САД“: ,,Ние вложивме значителна сума во Каспискиот регион, и сега ни е многу важно нафтоводите и политиката да се движат во правец кој ни одговара“.

    Според тоа ако на  југоисточното крило на НАТО избувне голем регионален вооружан конфликт, токму „Бонстил“ ќе биде главна база за организирање и изведување на операции од страна на американската армија. Поради тоа, единиците на армијата на САД стационирани во овој комлекс ќе им пружат поддршка на аеродромите во Тирана, Драч, Приштина, Болоња, Скопје и Тузла.

    Според проценката на генералот  Леонид Ивашов, председателот на Академијата за  геополитички проблеми и еден од водечките руски воени експерти ,, проамериканската енклава на Косово обезбедува концентрација на вооружени сили на САД во регионот и развој на воената база ,,Бонстил“, што во координација со американскиот воен контигент во Босна и Херцеговина и Бугарија овозможува контрола на транзитот на енергенси и вршење на операција во правец југ и југоисток, а во случај на потреба и разместување на територијата на Косово на секаков вид на оружје.

    Бил Ричардсон,
    министер за енергетика на САД (1999)

    Скандалот кој изби во Ноември 2005 година. Тогаш комесарот на Советот на Европа за човечки права   Алваро Хил Роблес претпоставуваше дека во американската база „Бонстил“ на Косово постои таен затвор. Тој во интервју за францускиот „Монд“ потсети  како за време на посетата на  Косово во Септембри 2002. од посматрачницата видел „ смалена копија на Гвантанама“. Видел дрвена барака опкружена со  висока ограда од бодликава жица и неколку десетина затвореници во портокалови комбинезони (некои имале брада и читале Куран). Се тоа подсетувало на американскиот затвор во Куба.

    Според американските власти, сите затвореници во 2003 г. ја напуштиле базата „Бонстил“. Меѓутоа, затворот сеуште не бил демонтиран и сеуште може да служи за тие цели.

    Како што сведочи Ендрју Бацевич, професор на катедрата за меѓународни односи и историја на Бостонскиот универзитет, целта на воената операција на НАТО против Југославија 1999. всушност била  „поддршка за превласт на САД во Европа и ,,спречување на Европа да отстапи од поранешните правила“.

    И најпосле, уште една забелешка. Командантот на сојузничките сили на НАТО во Европа во време на бомбардирањето на Југославија, американскиот генерал Весли Кларк, призна дека ,,вистинските, клучни причини“ за интервенција на Северноатланската алијанса во Косово се состои од намерата на НАТО,, да ја наметне својата волја на раководителите на земјите кои отворено одбивале да се поттчинат најпрво во Босна, а потоа и во Косово.
    Трајното воено присуство во САД во центарот на Балканот е всушност идеална можност целиот регион да се држи на нишан и така американските интереси ќе се заштитат од можната внатреполитичка катаклизма.
    Не е случајно што американските медиуми базата  „Бонстил“  активно ја прикажуваат како антипод на Центарот за вонредни состојби во Ниш кој се формира со учество на Русија.
    Денес Вашингтон и Брисел вршат се поголем притисок врз Белград за да го приморат да го прекинат српско-рускиот договор поврзан со споменатиот центар, за да се избегне военополитичкото присуство на Русија во близина на Косово.
     
     
    Преземено до РускаРеч
     
    Извор: “Инфомакс.мк“
    Views: 505 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Косово е Србија...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024