РУСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА СО УШТЕ ЕДНА ПРЕКРАСНА ЕМИСИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: Конечно ќе одговориме кој ја измислил Кириличната азбука!
По објавувањето на првиот дел на најгледаната емисија за туризам во Русија „Приказни во движење“, руската национална телевизија продолжи со откривањето на Македонија.
Планини, кањони, езера, лозови насади кои се простираат кон хоризонтот – ова е типичниот Македонски пејсаж – се вели во репортажата.
Публиката ќе се запознае со мистеријата на Охрид и охридските бисери од каде што се украсувале најубавите принцези од Европските кралски семејства, ќе го посетиме и местото кое носи страшно име наречено „заливот на коските“, ќе се шетаме по улиците на преубавата Битола.- стои во описот на оваа туристичка репортажа на Руската национална телевизија за Македонија, и се додава „во оваа емисија ќе ставиме крај на тоа кој ја измислил Кириличната азбука“
https://youtu.be/BW0Pt9kDET8
Извор: “инфомакс.мк“
|