Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:07 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » March » 27 » АГРЕСИВНОСТА НА НАТО И САД НЕМА ДА ЈА ПОШТЕДИ НИТУ МАКЕДОНИЈА: Се користат сите механизми за создавање константна тензија!
    4:35 PM
    АГРЕСИВНОСТА НА НАТО И САД НЕМА ДА ЈА ПОШТЕДИ НИТУ МАКЕДОНИЈА: Се користат сите механизми за создавање константна тензија!

    АГРЕСИВНОСТА НА НАТО И САД НЕМА ДА ЈА ПОШТЕДИ НИТУ МАКЕДОНИЈА: Се користат сите механизми за создавање константна тензија!

    Русија и Македонија успешно соработува во сите сфери и секоја од нив е актуелна, вели амбасадорот Олег Шчербак, кој во нашата држава ја врши својата дипломатската работа во последните 5 години. За мигрантското цунами, кое ја зафати и Македонија, смета дека се виновни политиката на САД и нивните сојузници во блискоисточниот регион. Во разговорот со него тој воедно констатира дека Западот не е заинтересиран за правење голем антитериористички фронт.

    intervju_ambasador2

    Во интервју за весникот Дневник, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија открива значајни детали за улогата на САД во глобалниот тероризам, но и директната инволвираност во бегалското цунами од кое е зафатена и Македонија.

    Според амбасадорот Олег Шчербак, директни виновници за хаосот во светот во моментот е САД и нивната погрешна политика со нивните блискоисточни партнери. Осврнувајќи се на агресивноста на НАТО и САД, Шчербак вели дека НАТО ги користи сите механизми за манипулација со јавноста, а преку нивните челници ги лажат граѓаните на Европа дека Русија е спремна за инвазија на ЕУ.  Ваквите обвинување не се ништо повеќе од заплашувачка пропаганда. Нивна цел е со помош на антируска хистерија да го оправдаат постоењето на единствениот политички блок во светот, односно НАТО – вели Олег Шчербак, Амбасадор на Руската Федерација во Македонија.

    Се користат разни методи на притисок, економски санкции, директни воени интервенции, информациски војни. Наместо широка и рамноправна соработка, која ја предлага Русија, нашите западни партнери спротивно на гаранциите што порано самите ги дадоа, го прошируваат НАТО на исток, ја приближуваат својата воена инфраструктура кон руските граници, распоредуваат кај нашите непосредни соседи системи за противракетна одбрана и воени сили. Сето тоа провоцира перманентна тензија и недоверба. Со оглед на воените потенцијали на двете страни и оружјето за масовно уништување што го поседуваат, ваквата агресивна политика е безрасудна и претставува закана за самото постоење на човештвото.“ објаснува амбасадорот Шчербак во интервјуто за Дневник.

    Тој додава дека Македонија е клучен партнер на Русија на Балканот, и дека односот помеѓу двете држави е пример за взаемна соработка со полна со почит и еднаквост, без притоа едната страна да презентира сила и да уценува.

    Имено, ова е важно затоа што Македонија секогаш претходно била и е уценувана за да прифати одредени решенија и наредби од страна на западните држави кои имаат интерес во нестабилна и поделена Македонија.

    Русија и Македонија успешно соработуваат во сите сфери и секоја од нив е актуелна. Русија е еден од најголемите инвеститори и трговски партнери на Македонија. Се реализираат големи заеднички проекти во енергетиката. Се зголемува трговската размена. На пример, во 2015 година извозот на македонските земјоделски производи за Русија порасна за 50 отсто и продолжува да расте. Тргнаа испораките на млечни и на месни производи. Русија е огромен пазар кој денес с` повеќе се отвора за македонски производи.“ – истакнува Н.Е. Олег Шчербак

    Извор: “Инфомакс.мк“

    Views: 205 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024