Сириската влада целосно ја презеде Палмира од ИСИС (ВИДЕО)
Сириските владини сили целосно го презедоа градот Палмира од Исламска држава, изјавил воен извор за РТ.
„Нашите војници воспоставија целосна контрола над градот и ги бркаат остатоците од терористичките банди на Исламска држава, кои се повлекуваат“, вели командата на сириската армија во соопштението.
Извор од армијата за Франс прес изјавил дека војската сега ги контролира и античкиот локалитет Палмира и станбените населби.
http://finance.yahoo.com/news/syria-government-forces-retake-palmyra-055421179.html;_ylt=AwrXnCG2hPdWjyEA6ODQtDMD;_ylu=X3oDMTByb2lvbXVuBGNvbG8DZ3ExBHBvcwMxBHZ0aWQDBHNlYwNzcg--
Еден воен командант за Раша тудеј кажал дека „воената операција за враќање на Палмира траеше три дена“, додавајќи дека „главната тешкотија беше тоа што имаше многу мини по патиштата“.
https://youtu.be/pSknmpFNgZ0
Борците на ИСИС наводно се повлекле од Палмира - која се наоѓа на 215 километри од сирискиот главен град Дамаск - кон градовите Сукна, Рака и Деир Езор.
Во саботата беше јавено дека силите на Сириската армија напредуваат во градот, со помош на руските воздушни напади.
На телевизиските снимки се гледаа експлозии во Палмира и чад што се издигнува од зградите. Тенковите и оклопните возила пукаа од периферијата на градот.
https://youtu.be/p4DTSCV4VwU
Повторното освојување на Палмира е огромен симболичен пораз за Исламска држава.
Античкиот град, кој ИСИС го зазеде во мај 2015 година, е дел од светското наследство на УНЕСКО. Во него се сместени голем број извонредни антички споменици, како и голем број историски локалитети, кои беа уништени од џихадистите на ИСИС откако тие го зазедоа градот, меѓу кои беа и 2.000-годишниот Беловиот храм и Триумфалната капија.
Во саботата шефот за антиквитети од сириската влада, Мамун Абделкарим, рече дека властите ќе се обидат да ги реставрираат историските места.
„Ќе ги обновиме со камењата што останале и со останатите столбови“, изјави Абделкарим за Ројтерс, додавајќи дека неговиот тим повторно ќе „ја оживее Палмира“.
https://youtu.be/UKZeDlr6c_g
Извор: “МКД“