Main » 2016»March»28 » ГОЛЕМ НАРОДЕН АНТИНАТО ПРОТЕСТ: ,,За слободна и суверена Србија“
5:38 AM
ГОЛЕМ НАРОДЕН АНТИНАТО ПРОТЕСТ: ,,За слободна и суверена Србија“
ГОЛЕМ НАРОДЕН АНТИНАТО ПРОТЕСТ: ,,За слободна и суверена Србија“
Голем народен протест против НАТО–под слоганот „За слободна и суверена Србија“ почна денес во 14 часот во Белград.
Организаторот на протестот Српскиот собор на Заветници ја повика Владата под итно да распише референдум за соработка со НАТО!
Предвидено е по собирањето во центарот на Белград, протестантите да тргнат по белградските улици.
Повод за протестот е изгласувањето на Законот за потврдување на Спогодбата помеѓу Владата на РС и НАТО за соработка во областа на логистичката поддршка.
Со имплементацијата на Законот Република Србија фактички станува политичка и воена колонија на државите членки на НАТО, САД, се одрекува од својот суверенитет во безбедносната и надворешната политика наведуваат организаторите.
Спогодбата им овозможува на припадниците на НАТО трупите слободно движење без никаква кривична, прекршочна и материјална одговорност низ цела територија на Србија што претставува грубо кршење на одредбите на членот 2 и 8 од Уставот за народниот суверенитет, територијална слобода и заштита на државните граници подвлекуваат од Српскиот собор на Заветници.
На протестот според неофицијални податоци присуствуваат повеќе од 20.000 граѓани.