Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:50 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » April » 11 » ДЕНЕСКА Е СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНСКА
    3:32 AM
    ДЕНЕСКА Е СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНСКА

    ДЕНЕСКА Е СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНСКА

    Света Лидија е родена во Тијатир (денешен Ак-Хисар), во Мала Азија, во првиот век. А во она време градот Тијатир беше познат по бојаџилниците. Па и оваа богобојазлива Лидија, како што се нарекува во Делата Апостолски (16, 14), беше продавачка на пурпурни ткаенини и бои кога стана прв човек во Филипи, во Македонија (па и во Европа), кого светиот апостол Павле го обрати во верата.

    sveta lidija infomaks

     

    За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа со него дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија, но Духот не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, слегоа во Троада. Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ … (Дела 16, 7 – 9). Надвор од градот Филипи при една река, сведочат апостолите во Делата Апостолски, беше едно место каде што доаѓаа од градот оние што имаа обичај да се молат. Меѓу таму насобраните жени Господ ? го отвори срцето на богобојазливата Лидија да внимава на зборовите Павлови. А кога се крсти таа и целиот нејзин дом, ги молеше кај неа да живеат Павле и оние што го придружуваа (апостолите Сила и Тимотеј), велејќи: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа.” (Дела 16, 15). Семејството на Света Лидија и домот на затворскиот стражар пред кого, по молитвите на светите апостоли Павле и Сила, се изврши чудото на отворањето на затворот во Филипи (Дела 16, 26), се првите никулци на Христовата Црква на македонска почва, која оттогаш, по молитвите на апостолите и на оние што по нивните зборови се обраќаа во Христовата благодат, низ многу страдања и искушенија со векови расне и принесува изобилен плод по сите македонски краишта.

    Извор: “Инфомакс.мк“

    Views: 463 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024