Со синглот „Ние сме“ Стринг форсис го најавуваат новиот албум (ВИДЕО)
Македонскиот музички состав Стринг форсис го промовираа новиот синг „Ние сме“, што воедно е и најава за новиот материјал спакуван во албум што публиката може да го очекува во септември.
https://youtu.be/uiTYSg7HkdE
Дориан Јовановиќ вели дека на албумот се работело во последнава година, а истиот ќе содржи седум или осум композиции. Потоа Стринг форсис планираат да направат еден голем концерт каде ќе го промовираат албумот. Планираат концертот да се одржи во Скопје. Додека да биде објавен новиот албум, бендот ќе промовира уште две нови композиции со видеозаписи.
Видеозаписот за композицијата „Ние сме“ е снимен во месец февруари на интимна свирка во живо во клубот „Барбакан“ пред одбрана и позната публика. Композицијата „Ние сме“ е заедничко авторско дело на сите членови на бендот.
Во реализацијата на видеозаписот за синглот „Ние сме“, како соработници на Стринг форсис се потпишуваат Тања Рибарска задолжена за видео и монтажа, Гоце Наневски задолжен за фотографија и видео, Кристијан Теодоров од Мелем продукција и Виктор Битовски.
Ново од Стринг форсис е што во следниот период ќе промовираат документарен филм за нивниот бенд што ќе биде биде прикажан на некои од македонските филмски фестивали.
Друга новост има во составот на групата, која за прв пат има активен пијанист, а тоа е Дамјан Темков. Исто така по неколку години во групата е повторно и Александар Стојанов-Зорин. Сето тоа заедно го комплетира бендот како шестчлен состав: Александра Мангаровска Милиќевиќ, Александар Стојанов-Зорин, Дориан Јовановиќ, Дамјан Темков, Александра Кузман, Благојче Пенов. Новиот албум е во основа дело на групата во овој состав, која воедно ја најави и можноста за интересно гостување-соработка, но за сега тоа останува тајна.
Извор: “МКД“
|