РУСИЈА СЕ ЈАВИ СО ОФИЦИЈАЛНА РЕАКЦИЈА ЗА КРИЗАТА: Западните земји да не предизвикуваат „украинско сценарио“ во Македонија!
Руското Министерство за Надворешни работи предмалку со официјално соопштение предупреди во Македонија да се престане со ескалацијата на тензиите и западните земји да не го активираат „Украинското сценарио“
Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од соопштението на Руското Министерство за Одбрана!
Со загриженост ги примивме соопштенијата за ескалирање на политичката спротивставеност во Македонија, за немирите кои се случија во Скопје. Ги повикуваме сите страни на политички дијалог и непровоцирање на нови изливи на кризата којa трае веќе повеќе од една година.
Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Притоа, одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст.
Сметаме дека е недозволиво да се разнишува кревката ситуација во Македонија поврзана со комплициранa етничка и верска структура на земјата. Активирање на „украинското сценарио“, надворешно инспирирање на незаконски дејствија и на државни удари може да доведе до сериозни потреси во Македонија, како и до дестабилизирање во целиот Балкански регион.
Ги повикуваме сите политички сили и претставници на меѓународната заедница да го следат патот на решавање на внатрешната македонска ситуација со мирни средства, со почитување на дејствијата и на одлуките на легитимните власти и на македонското раководство.
Извор: “Инфомакс.мк“
|