Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 5:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » April » 18 » Заедничка изјава на албанските партии: Против избори на 5 јуни и декриминализација на власта
    9:11 PM
    Заедничка изјава на албанските партии: Против избори на 5 јуни и декриминализација на власта

    Заедничка изјава на албанските партии: Против избори на 5 јуни и декриминализација на власта

    Претставниоци на движењето Беса и на партиите Унитети, ПДП и НДП денеска потпишаа изјава во која бараат претседателот Иванов да ја повлече одлуката за помилување на сите лица кои се предмет на истрага од Специјалното јавно обвинителство во Македонија, да се одложат изборите сè до исполнување на сите предвидени услови во пржинскиот договор.

    „Во време кога човековите права и слободи се сериозно повредени, кога демократијата и гласот на граѓанинот се заробени од владеачките партии и кога уставно-правниот систем е нарушен од главните државни институции, ние сме уверени дека предвремените парламентарни избори на 5 јуни 2016 година, распишани од претседателот на Собранието, не можат да се одржат.

    Ние без сомневање сме определени за воспоставување на демократијата и целосно обезбедување на правата и слободите на Албанците во земјата, како и за декриминализација на власта, овозможувајќи владеење на правото и борба против корупцијата и криминалот, што подразбира непречено функционирање на Специјалното јавно обвинителство, департизација на сите државни институции, како и слободни, објективни и професионални медиуми, финансирани на транспарентен начин, со што би се создале услови за одржување на кредибилни избори, прифатливи од сите учесници и од меѓународниот фактор.

    Ние сме решени за исполнување на нашите цели да го употребиме секој дозволен демократски начин, за што бараме поддршка од сите опозициони политички партии, невладините организации, различните субјекти кои ги имаат овие цели, како и од сите албански граѓани и други.

    Тука ја потенцираме и нашата добра волја за поддршка на сите други активности кои одат во насока на овие цели, односно и на протестите на граѓанското општество кои се организираат овие денови.

    Ние ја изразуваме волјата на нашите субјекти за соработка на албанските опозициони партии и ширење на оваа соработка со сите заинтересирани субјекти, како потреба на моментот и барањето на албанското јавно мислење во Македонија, со цел зближување на нашите ставови и платформи и промена на тешката состојба на албанскиот народ во земјата“, пишува во заедничката изјава.

    Извор: “МКД“

    Views: 211 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    А без кого тие не носат одлука?

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025