Борисов: Кој ме познава знае дека јас со Груевски не зборувам и избегнувам секаква средба (ВИДЕО)
„Кој ме познава знае дека јас со премиерот Груевски не зборувам. Избегнувам секаква средба, тој повеќе пати бараше - јас избегнувам“, посочи бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето за време на Националната работна средба на неговата партија ГЕРБ.
„И на мене не ми се допаѓа она што го прават таму, но тоа си е нивна, македонска работа“, рече Борисов, пренесе бугарската агенција Фокус. „Знам дека кога Македонија го одобри поминувањето на гасоводот Јужен тек преку неа, преку Грција, Македонија и Србија, во овие земји веднаш се појавија проблеми. Сега, кога тие го запреа протекот на бегалци и балканската миграциска рута е затворена, одеднаш таму повторно се појавија проблеми. Кој ме познава знае дека јас со премиерот Груевски не зборувам. Избегнувам секаква средба, тој повеќе пати бараше - јас избегнувам“, истакна Борисов (17:15 минута во видеото).
https://youtu.be/1YfJbyH_x7I
„Факт е дека поради овие два клучни и стратегиски факта и донесувањето решенија за нив, во целиот регион почнува конфликт. Тоа го кажав, не со намера да се вплеткам во некаков огромен заговор. Знам и повеќе, и сето тоа се неоспорни факти и нека ме побијат ако не е така“, посочи Борисов. „Социјалдемократот Зоран ми е пријател, тој доаѓа кај мене“, додаде тој.
Извор: “МКД“
|