КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА И ЦЕНЗУРАТА СКАНДАЛ ОД СВЕТСКИ РАМКИ: Емисија на Андреј Корибко и Спутник за Македонија!
- Ја следам оваа ситуација уште од првиот момент од пред една година, и за воља на вистината, уште тогаш ги предвидов контурите на планот на САД за дестабилизација на Македонија уште минатиот март во мојата анализа насловена како „Иднината на Балканот поминува низ Македонија“.
Република Македонија е клучна геостратешка позиција за Русиките и Кинески мултиполарни транснационални инфраструктурни проекти на Балканот, поточно сега суспендираниот Балкански Гасовод и Кинескиот Пат на свилата, официјално брза пруга која има за цел да ја поврзе Грција од пристаништето во Пиреа до Будимпешта, а можно и подалеку до Варшава, Рига и Санкт Петербург. САД сака да ги спречи овие проекти да се изградат бидејќи тие имаат потенцијал да ја ослободат Европа со мултиполарно влијание во иднина, па затоа во Македонија се создаваат проблеми за да се уништат овие планови. Да сумаризирам пошироко, НСА нелегално прислушувала важни личности во Македонија, а потоа монитраните снимки ги предава на нивниот полномошник за спроведување на „Обоена Револуција“ во земјата Зоран Заев, со цел да ја уценува владата.
Кога ова не се оствари, тој селектино почна да објавува снимки, како што агресивно ги нарекуваше „бомби“ со цел да провоцира „Обоена Револуција“ која за прв пат се обидоа да ја реализираат минатиот Мај. Истата беше одвратена од патриотски настроените Македонци кои излегоа на улиците да протестираат против сценариото за насилно менување на власта, а безбедносните сили во исто време за среќа ја сопреа Албанската терористичка ќелија во Куманово од изведување на координирани анти-владини напади. Во политичката разврска, ЕУ и САД гарантираа за договор наречен „Пржински договор“ во кој се предвидуваа предвремени избори, а во согласност со ова, демократски избраниот, легитимен и многу популарен Премиер Никола Груевски даде оставка пред одржувањето на предвремените избори согласно договореното, избори кои подоцна беа презакажани откако „опозицијата“ изјави дека ќе ги бојкотира. Сега, претседателот Иванов ги аболираше сите луѓе поврзани со политичката криза во земјата со цел таа да тргне напред, но тоа се претвори во повод за прерано лансирање на последниот дестабилизирачки акт, кој оригинално беше спремен да започне поблизу до датумот за избори на 5-ти Јуни.
Американскиот амбасадор Џес Бејли е вмешан во сето ова и е осомничен дека извршил притисок врз ТВ канал на кој се емитува емисијата на најпопуларниот Македонски политички водител, Миленко Неделковски, да ја цензурира екс-помошник министерката за внатрешни работи Наталија Ивчева на неговото шоу каде што ги обвинува САД дека стојат зад хаосот за насилна промена на власта.
Она на што целата ситуација се сведува е дека САД сака да го претвори Скопје во Балкански Киев со цел да ги саботира мултиполарните проекти на Русија и Кина во регионот, но фала му на Бога за тоа што Македонскиот народ се собира во поддршка на нивната земја, исто онака како што тоа беше случај минатиот мај за време на најтемните денови за стартување на Хибридна војна против нив. Тие знаат дека ако нивната влада е турната, тогаш преку милион мигранти ќе влезат во нивната земја и ЕУ и дека марионетската влада на Заев ќе ги откаже Руските и Кинески проекти. Кога подобро ќе размислам, морам да се поправам – не е само иднината на Балканот која поминува низ Македонија, туку иднината на Европа! – Андреј Корибко
Целата емисија можете да ја слушнете тука:
http://infomax.mk/wp/%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%B0/
Извор: “Инфомакс.мк“
|