Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:00 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » April » 24 » Корибко: Македонија ќе победи без оглед на грозоморниот заговор што ѝ го подготвуваат
    6:23 PM
    Корибко: Македонија ќе победи без оглед на грозоморниот заговор што ѝ го подготвуваат

    Корибко: Македонија ќе победи без оглед на грозоморниот заговор што ѝ го подготвуваат

    Токму сега е еден од најпресудните моменти во современата историја на Македонија. САД ги активира своите планови за хибридна војна и се движи кон дестабилизација во полн обем, со застрашувачка можност обидот за ’Обоена револуција’ што се одвива во моментов катастрофално да доведе до нешто многу полошо и понасилно, рече за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце, Андреј Корбико, американски аналитичар за рускиот телевизиски канал Русија Денес (RT).

     

    Американскиот аналитичар додава дека „Во ова напнато време, од апсолутно суштинско значење е сите патриотски граѓани на Македонија, од сите етнички групи, е да се држат заедно; мирно и јавно да демонстрираат поддршка за својата влада, и да останат смирени со тоа што ќе ги ислушаат властите“,

    „Западот го ‘мести’ премиерот Никола Груевски да стане ‘македонски Путин’, или со други зборови, да стане отпадник во очите на Западот, едноставно затоа што ја сака својата земја и нејзината стратешка независност. ЕУ сака да го казни. “, категоричен е Андреј Корбико, кој е добар познавач на американско-руските односи, како и на приликите на Балканот во контекстот на битката за влијание во регионот меѓу светските сили.

    „Но, знаете што, наместо да се лутите, бидете горди! Гледајте на ова како знак на гордост дека македонскиот народ и премиерот Никола Груевски се доволно независни и суверени до степен до кој САД и нивните лакеи од ЕУ ќе дознаат дека нема да се наведнат и да се предадат без борба“, рече американскиот аналитичар.

    Овој експерт за Балканот додава дека искрено верува оти „македонскиот народ го предводи патот на кој ќе му покаже на светот како заговорите на САД може мирно и делотворно да се запрат на нивниот пат“. „И колку повеќе од вас излезат на улиците и ја поддржат Македонија, толку подобро, затоа што сите гледаат и се изненадени од тоа како толку мала земја може да има толку големо срце и легендарна патриотска сила“, оценува Корбико.

    „Македонија ќе победи, исто како што секогаш правела, со Божја помош, а Зоран Заев и неговите соработници нема да успеат во ужасното уништување на македонскиот идентитет и бришењето на Македонија од лицето на земјата! Република Македонија е, и секогаш ќе биде, горда и патриотски независна Република Македонија. Таа нема да биде ништо друго и ќе остане тоа што е - силна и суверена - без оглед на повторниот грозоморен заговор“, изјави за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце, Андреј Корбико.

    Извор: “Макфакс.мк“

    Views: 215 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024