Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски од утре ќе престојува во официјална посета на Исламска Република Иран, соопшти Министерството за надворешни работи.
За време на посетата Попоски ќе оствари средби со неговиот ирански колега Џавад Зариф, претседателот на Иран, Хасан Рухани, претседателот на Исламското Собрание на Иран, Али Лариџани и министерот за култура и исламско водство, Али Џанати.
Во рамки на посетата, предвидено е да се одржи македонско-ирански бизнис форум.
Ова е прва официјална посета на министер за надворешни работи на Република Македонија на Исламската Република Иран./МИА
Извор: “Локално.мк“
|