ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ НА МАСАКРИРАНИТЕ КАЈ ВЕЈЦЕ 2001 ГОДИНА
28 април 2016 година, Битола, Македонија - Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година. Денес се навршуваат 15 години од масакрот кај Вејце, тетовско, најкрвавиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Македонија.
На 28 април 2001 година во 17.45 часот од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осум припадници на Вооружените сили на Македонија, од посебната единица на СВР Битола и од Специјалната единица ВОЛЦИ: Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.
Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија...
Нека остане вечен поменот и споменот за тие кои ја бранеа татковината од терористичката ОНА, која во Македонија се бореше за територии и "Голема Албанија".
Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја.
Вечнаја памјат и слава им! Било, да не се повтори, но...
Хероите никогаш не умираат! Амин...
Извор: “Тодор Петров“
|