Француските пратеници гласаа за укинување на санкциите против Русија
Во гласањето учествуваа 98 пратеници на Долниот дом, при што 55 пратеници гласаа „за“. За усвојување на резолуцијата ба потребни 50 гласови, пишува „Взгљад“.
Претходно беше соопштено дека во Франција 85 парламентарци поднеле предлог-резолуција за укинување на санкциите на ЕУ против Русија.
Како што објасни пратеникот од партијата на десниот центар „Републиканци“ и поранешен министер Тиери Мариани, кој е еден од иницијаторите на парламентарната дискусија, документот „бара од владата на Франција да не ги продолжува мерките на ограничување и економските санкции воведени од Европската унија против Руската Федерација“.
Претходно францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Ејро на 22 април изјави дека Париз нема намера по секоја цена да ги задржи санкциите против Москва, но дека за нивно укинување е потребно Русија да „попушти“ околу кризата во Украина.
Претходно претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин изјави дека Москва се залага за заемно укинување на сите санкции и ги нарече таквите ограничувања срам за европската дипломатија, но и дека првиот чекор за ова прашање треба да го направат оние чија идеја се санкциите.
Извор: “Руска реч на македонски“
|