0
А овој, овој треба серизно да се размисли да стане кандидат за д-р по логички науки. Нема потреба од степени. Директ. И што да се каже? Логична глупост, ништо чудно од толку интелегентен лидер. И знаете што, и ова е според “он нареџује“, но ај. Може и тоа е некој нов политички тренд, интелегенцијата не мирува, некој лидер на политичка партија да не сака да излезе на избори, зашто знае дека ќе победи. Оф леле. Така што паралелно со условите за фер и регуларни избори, од денес имаме спремање на докторска дисертација по логички науки за логичка глупост. “Он нареџује“, нема играње. А овој, “овој побеџује“, во логичката игра на зборови, тешко сфатлива за обичниот ум, неоткриена досега интелегенција на политичар во нашата земја. Мислам, ќе уживаме во читање на рефератот од “он нареџује“, се извинувам, докторатот на кој ментор е никој друг, освен Џес Бејли, кој секако се користи со “врвна интелегенција“ за промоција на својата агенда. Да ја модифицираме поговорката? Онаа. Вака од почеток. Кој со Џеси тикви сади, нему по глава! Или оригиналната: Кој со ѓаволот тикви сади, нему по глава!
|