Main » 2016»May»11 » „НЕ МОЖЕТЕ ДА ОФАРБАТЕ ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО НИЕ ЌЕ ИСЧИСТИМЕ“- ГРАЃАНИ ЈА ЧИСТЕА ПОРТА МАКЕДОНИЈА
10:31 PM
„НЕ МОЖЕТЕ ДА ОФАРБАТЕ ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО НИЕ ЌЕ ИСЧИСТИМЕ“- ГРАЃАНИ ЈА ЧИСТЕА ПОРТА МАКЕДОНИЈА
„НЕ МОЖЕТЕ ДА ОФАРБАТЕ ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО НИЕ ЌЕ ИСЧИСТИМЕ“- ГРАЃАНИ ЈА ЧИСТЕА ПОРТА МАКЕДОНИЈА
Вие не можете да офарбате толку, колку што ние ќе исчистиме, порачуваат граѓаните
Вандализмот врз споменици на македонската историја наидува на се поголема осуда од граѓаните, а денеска група на жени си покренале и иницијатива за чистење на Портата.
Од дедо Ное оваа мајка Македонија раѓала чеда македонски, ама изроди како овие што фарбаат споменици не родила до сега. Они може да фарбаат ама моето срце не може да го офарбаат, моето чуство за Македонија и за македонската историја не можат да ја офарбаат.
-Млади сте на вас останува државата, ние веќе поминавме, ама вие треба да бите многу силни и да го издржиме ова. А ние повторно ќе се собираме и ќе бришеме. Како они што наоѓаат средства да фарбаат, да валкаат и да плукаат по нашата Македонија, така и ние ќе најдеме да избришеме, велат жените кои самоволно и доброволно се организирале за ваква акција.
Ако ли не, признајте си дека сте соросоиди и дека името нема зошто да ве навредува, дека работите за негови интереси, кои веќе се познати со помош на интернет и социјални мрежи (се може и против нив да се сврти) и сте потполно незаинтересирани за ништо друго освен... се знае веќе што. А не дека толку време губите ширејќи ги нивните интереси, што воопшто не сте заинтересирани за современи текови и во политиката и во “логиката“, а и немате време. Сепак, животот не е само во парите, парите се средство, а не цел. А животот секогаш бил и останал во идеалите. И многу друго...
А не со тие бои, кои и така не ги плаќате вие, кои везден сте нешто “човекољубиви и правдољубиви“, колку ќе беше добро, да се организиравте, цел Гоце Делчев студентскиот дом, мислам на внатре, ќе го измолерисавте, и за во Автокоманда ќе ви стигнеше. А можевте, во својата хуманост, и на некое посиромашно семејство, место вака да се расфрлувате, да им го молерисате станот. Училишта, болници, ехехе, што се се може, кога се размислува навистина алтернативно, а не лажно.
Или измачкајте некои од оние европски вазали претседатели или не. Или излезете на протест против внатрешно мешање во суверена држава од страна на ам. амбасадор и сл. и против влез во ЕУ и НАТО, ухуху, за последното и јас можеби ќе излезам. Само, тоа за вас е премногу длабокоумно, или не? За се ви е, да не речам сега, ни Грујо, но ајде Грујо, крив?
И еве како што денес се фалите како сте го офарбале постерот со ликот на Ѓорѓе Иванов, направете го, макар за промена, тоа истото со постер на Барак Обама. Или не? До вашите навистина ограничени и демолирани способности и чувства за мислење (кога не се платени) и чувствување на тоа што се случува и на светски и на локални планови. И што се случуваше овие години.
Жал ми е да коментирам, но ете... Сакам да ми ја офарбате Ајфелова Кула во Париз. Така, не ми се допаѓа градбата. И при тоа никој да не ве пипне и да ви го дозволи тоа, итн... Или в Америка Белата Куќа да ја испокршите, воопшто не ми пречи, одете и направете го тоа. И никој да не ве пипне, да се фалите со тоа. И да ве фалат и подржуваат. Особено за ова второто. Или некој национален споменик во Русија да пипнете. И се да биде толку едноставно. Што? Нема врска. И надокрај, ова е направено од народни пари. Очигледно не сте само вие народ и има луѓе на кои ова им се допаѓа, тоа се и нивни пари. И немате никакво право демократско, како што велите, да го правите тоа. Алал да им е на жените! Немојте да речете дека ВМРО им платиле и ги викнале по наредба, ги донеле со автобуси, им купиле сендвичи, па дошле да чистат. Можете да речете? Е така и за многу други работи...
Only registered users can add comments. [ Sign Up | Login ]