Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:32 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » May » 13 » Амбасада на САД: Да се свика Собранието и да се откажат изборите, да се поништи аболицијата
    5:38 AM
    Амбасада на САД: Да се свика Собранието и да се откажат изборите, да се поништи аболицијата

    Амбасада на САД: Да се свика Собранието и да се откажат изборите, да се поништи аболицијата

     
     

    Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори, велат од амбасадата на САД, на прашањето од „Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК).

    amerikanska-ambasada-540x360[1]

    – Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата – велат од амбасадата на САД.

    Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

    – Во партнерство со ЕУ, посветени сме да помогнеме во решавањето на состојбата, меѓутоа решението бара јасна демонстрација на политичка волја – велат од амбасадата на САД во Македонија.

     

    Претходно со слични ставови настапија и амбасадорите Орав, Гарет и Пломп кои рекоадека не веруваат дека се можни веродостојни избори, и дека бараат итно решение на ситуацијата.

    Извор: “Либертас.мк“

    Views: 219 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Види, види ти, амбасадата на сад веќе не ја повикува власта, која патем ја урива веќе, да обезбеди ова ми ти она, туку он нареџује веќе директно кажува што треба да се прави. Значи, кој забележал, забележал, дека пред само некој месец викаше власта, пазете, да обезбеди ова-она, како што тие си знаат, многу интересно, сега воопшто не ја спомнуваат туку директно кажуваат. Е овде не може, тоа и тие сакаат, ако не ви е јасно да ви стане јасно, да нема власт, а претходницата на немање власт е среброљубието... Чисто за свест, за свесни луѓе, и никогаш да не им успее. Овде ѓаволот баш и не е за поговорка, туку со сигурност добива онтолошка основа, кој да не биде колку што се може посилно. Знаете како е тоа, како што оваа амбасада и е направена, живо пиле да се приближи не може, дури мислам пред влезот има еден дел на улицата со шилци за на оној кој макар со кола се приближи, а е непожелен, да му се дупнат гумите. Да, да, шилци, односно сиугрно некои големи шајки, така ќе ги наречам, кои ќе им ги дупнат гумите на колите, ако се доближат преблиску. Не само на непожелните, туку и на обичните граѓани. Е така и со тоа што тие толку “мило, насмеано, револуционерно, обоено“ го наметнуваат. Големите шајки кој ќе ви ги дупнат гумите, ако не и главите. Кој може да не го дозволи тоа. Значи, кој знае знае. И да имаат папет влада, баш со таа намера, и секако, не само овде, со помош на која (кои) ќе го спроведуваат тоа, прво среброљубие за кое сигурно ќе се налепат многумина да им ја прават таа услуга, како што и овде гледаме, а потоа следниот чекор им е да нема власт (по градовите и селата, да не даде Бог) како што се гледа овде веќе во начинот на кој се обраќаат, за разлика од пред некој месец, каде иако за нивните интереси, и сигурно не нашите, се обраќаа, на власта да спроведе не знам ти вакви, не знам ти какви стандарди, за ова за она. И пазете која страшна работа, како не им се исполнуваат работите, бидејќи, сосем за нивни жал, и за нивните папети, има и друга сила, СВЕТЛА СИЛА и сега, без да се забележи, а камоли да некој може да го артикулира тоа, не и порачуваат на власта, туку директно... 
    ФАТЕТЕ СЕ ЗА БЕЛАТА ТОЧКА... или малку да го ставиме во облик на поговорка: КОЈ ЗА БЕЛАТА ТОЧКА СЕ ФАТИ, УМОТ НЕ МУ СЕ МАТИ.

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024