Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:36 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » May » 14 » Елена Мизулина: Стратегијата на Советот на Европа за правата на децата
    2:53 AM
    Елена Мизулина: Стратегијата на Советот на Европа за правата на децата

    Елена Мизулина: Стратегијата на Советот на Европа за правата на децата

    ги промовира ЛГБТ вредностите

    19 април 2016 лето Господово

    Заменик-претседателот на Комитетот за Уставно законодавство и уредување на државата при Руската Федерација, Елена Мизулина, смета дека Стратегијата за обезбедување на правата на децата за периодот од 2016 до 2021 година, што беше усвоена од страна на Советот на Европа, им нанесува удар на традиционалните семејни вредности. 

    „Општиот дух и идеологија на споменатава Стратегија е насочен кон игнорирање на традиционалните темели на христијанската семејна култура, меѓу другото и традиционалните вредности на семејството: Термините ’традиционално семејство‘, ’традиционални семејни вредности‘, воопшто не се спомнуваат во текстот на Стратегијата“, ја пренесе изјавата на сенаторката нејзината прес служба. 

    Според зборовите на Мизулина, овој документ исто така го утврдува принципот на еднаквост на правата на децата, не само според нивниот пол, туку и според нивната сексуална ориентација и содржи одредби наменети за промовирање на идеите на ЛГБТ. 

    „Стратегијата, во сета своја очигледност, сведочи за крајната доследност на Советот на Европа во промовирањето на ЛГБТ вредностите, и намалувањето на значењето и улогата на традиционалното семејство во животот на општеството, за прекумерното преувеличување на проблемот на домашното насилство, како и за неоправданата недоверба кон семејствата и родителите и нивната способност самостојно да ги решат семејните проблеми“, изјави Мизулина. 

    Извор: “Интерфакс, Бигорски манастир“

    Views: 232 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024