На 9 февруари 2015 година, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го отворија историскиот проект Вистината за Македонија што создаде услови за нормализација на државата. Со незаконски снимените материјали што ги добивме од партиоти во УБК и ги обелоденивме во јавноста, ги потврдивме сите злоупотреби на актуелната власт, повреди на граѓаните, криминални избори, криминално-корупциски скандали, партизација на судството, медиумите, институциите, државниот систем. Резултат на ваквото владеење е целосна партизација и приватизација на државата којашто тесната група на власт ја одзеде од граѓаните и на овој начин се богати додека мнозинството граѓани осиромашува. Ова е причината што Република Македонија добива критички извештаи од ЕУ и не може да стане дел од меѓународното семејство. СДСМ со проектот Вистината за Македонија застана спроти насилното владеење и отвори пат за обнова и демократизација на Република Македонија. Кон натпартиското, граѓанско движење што го поведовме се приклучија граѓански здруженија, невладини организации, поединци, експерти, граѓани, независно од каква било различност. Мобилизирана е општествената јавност. Тој процес е во тек. Тоа е веќе незапирлив процес.