Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » May » 25 » ЗОШТО ЗА ОВА СЕ МОЛЧИ: Земјите околу Русија забрзано се збогатуваат, во Македонија никој не зборува – страв од ЕУ и УСАИД? (1 дел)
    4:24 AM
    ЗОШТО ЗА ОВА СЕ МОЛЧИ: Земјите околу Русија забрзано се збогатуваат, во Македонија никој не зборува – страв од ЕУ и УСАИД? (1 дел)

    ЗОШТО ЗА ОВА СЕ МОЛЧИ: Земјите околу Русија забрзано се збогатуваат, во Македонија никој не зборува – страв од ЕУ и УСАИД?

    Светската па и Македонската јавност не знае што се се гради во Русија, или подобро кажано, на просторот на Евроазиската економска унија.

    Evroaziska_unija

    Според податоците на агенцијата „Смислографија“, во 2015 година западните медиуми, како „Волстрит џурнал“, „Гардијан“ или „Вашингтон пост“ ниту еднаш не ги споменале руските проекти како што е на пример космодромот „Восточни“ или гасоводот „Снага Сибир“.
    Аналитичарите на порталот „Евроазија.Експерт“, кои се занимаваат со прашањата на евроазиската интеграција, по тој повод направија инфографик кој го објавуваме со нивна дозвола. Во редовите под инфографиот проичитајте кои се тие проекти во кои Русија е ангажирана, освен потфатите за вселенското пристаниште „Восточни“, изградбата на стадионот во очи на „Мундијалот 2018“ или проектот „Снага Сибир“.

    infografiK_evroazija

     

    Кога Ерменија ги спојува Иран и ЕУ

    Евроазискиот фонд за стабилизација и развој обезбеди дел од средствата за Ерменија за изградба на автопат Север-Југ, од границата со Груциза до границата со Иран. Гледано глобално, тоа е еден дел од автопатот кој во догледна иднина ќе го поврзе Иран (евентуално и Индија) со земјите на ЕУ. Автопатот со должина од 556 километри ќе го скрати патувањето низ Ерменија од 9.5 часа на 4.5 часа. Освен тоа, ќе се намали и цената на превоз на стоката. Патот се гради од бетон, а не од асфалт бидејќи според зборовите на ерменскиот претседател Сержа Саргасјан, временскиот рок на експлоатација на бетонските патишта е два пати поголем од асфалтните. Изградбата на автопатот би требало да биде готова во 2018 година.

     

    View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

    Հայաստան, Հյուսիս-Հարավ մայրուղի. "Север-Юг" автомагистраль   "North-South" 

     

    Обнова на „смртоносните убавици“
    Евроазискиот фонд исто така издвои средства за обнова на Токтогулската хидроелектрана во Киргистан. Токтогулското вештачко езеро е најголемо во Централна Азија, а хидроелектраната е изградена во советско време, и до денес е потпора на енергетскиот систем на Киргистан. Токтугулската хидроелектрана го напојува со електрична енергија речиси половина од Киргистанското население. Но експертите предупредуваа дека оваа хидроелектрана е „смртоносна убавица“ бидејќи се наоѓа на сеизмички активен регион, затоа е неопходно сериозно да се позанимаваат со нејзината технолошка состојба. Работите на обновување на хидроелектраната вклучуваат, помеѓу останатото, замена на две хидраулични турбини и генератор на електрична енергија, како и ремонт на помошните системи.

     

    Токтогульская ГЭС заработала в полную мощностьhttp://www.knews.kg/society/74164/ 

     

     

    Views: 256 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024