НЕМА РАЗЛИКА ПОМЕЃУ МАЈДАН ВО КИЕВ И СКОПЈЕ: Платениците на Нуланд и УСАИД со катапулти и во Киев и во Скопје!
Украинското сценарио беше најавено и тоа не од било кој, туку од лидерот на СДСМ, Зоран Заев во гостување на телевизија Телма. Неговите зборови вчера беа пренесени во конкретни дела по теркот на украинското сценарио, кога тој застана и како лидер на Шарената револуција, па рамо до рамо со платениците од Сорос, УСАИД, разни западни амбасади, за кои деновиве јавноста дозна дека земале огромни суми, фрлаше со боја врз Министерството за правда.
https://youtu.be/7ozc8AvRVTU
Вчера на само неколку недели по оваа скандалозна изјава, Заев ја легализираше Шарената револуција и конечно го покажа вистинското лице, дека токму тој е и лидерот на истата. Новинарот Мухамед Зекири инспириран од вандализмот на Заев, направи монтажа со тоа што наместо боја на Заев во рака му ставил молотов коктел. За потсетување, молотовите коктели беа едно од главните „оружја“ на демонстрантите во Украина.
Имајќи го во предвид она што го кажа Заев и фотографиите и видеата кои кружат на интернет за вандалското однесување на демонстрантите, може да се забележи дека она што се случуваше во Украина, денес се случува низ улиците на Македонија.
Последните реквизити со кои се користат демонстрантите на платеничката револуција, се катапултот и пластичните пушки со кои фрлаат боја.
Катапултот беше еден од главните реквизити на демонстрантите на Мајдан во Киев, а истиот се користи и од платениците кои протестираат во Македонија.
Импровизиран катапулт во Киев
Демонстрант и катапулт со молотов коктел
Катапулт со боја во Скопје
До сега сличностите помеѓу однесувањата на демонстрантите во Украина и Македонија се неверојатно пресликани од улиците на Украина на улиците во Скопје, но и во составот на странските „посетители“ од Хојт Ји до Викторија Нуланд и Хајндл кои активно земаа учество во предизвикувањето на крвава војна во Украина, заедно со локалниот играч Американскиот амбасадор во Украина.
Извор: “Инфомакс“
|