ВО ЖИВО ОД СВЕТА ГОРА: Путин и Рускиот поглавар во посета на Света Гора!
Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Света Гора на одбележувањето на 1.000 годишнината од присуството на Руските православни монаси во Грција.
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во манастирскиот центар во Света Гора на неговиот втор и последен ден од посетата во Грција, за да ја одбележи 1.000 годишнината од Руското присуство на светото место.
Се очекува Путин да го посети административниот центар на Света Гора Карјес, каде што ќе ја посети црквата Протатон која е во сопственост на Светиот Кинот.
Потоа Путин заедно со поглаварот на руската црква Патријархот Кирил ќе го посети манастирот Св.Пантелејмон.
https://youtu.be/0FaFEV5jE2U
Извор: “Инфомакс“
|