ОРДЕН ОД ПРВ РЕД ЗА РУСКИОТ МОНАХ: МПЦ го одликуваше монахот Методиј од Валаамскиот манастир со орден од прв ред!
Синод на Македонската православна црква го одликувала Високопреподобниот игуменот Методиј(ПЕТРОВ) од „Спасо-Преображенскиот Вааламски манастир“ од Русија, со Орден на „Свети Климент Охридски од прв ред“. МПЦ орденот му го доделила за неговиот придонес во зацврстувањето на духовните врски меѓу Руската и Македонската православна црква и промовирањето на духовната култура меѓу македонскиот и рускиот православен народ.
Орденот на Отец Методиј, кој по потекло е од Македонија му бил врачен денеска во Лешочкиот Манастир каде беше осветен Крстот дониран од Русија во спомен на 35 руски монаси кои живееле во манастирот.
Синодот на МПЦ го одликувала и Андреј Николаевич Деменко со Орден на „Свети Климент Охридски од трет ред“ за неговата поддршка на македонските православни светињи и промовирањето на православните вредности, како и продлабочувањето на духовните врски меѓу македонскиот и рускиот православен народ.
Извор: “Инфомакс“
|