ВЕСЛИ КЛАРК:Aмериканската војска се користи да руши влади, не да спречува конфликти
Фактот дека американската војска се користи за дестабилизирање на важни геополитички региони со цел зграбување на ресурси и воспоставување на контрола го потврдуваат иукраинската криза, војната во Сирија, Арапската пролет, појавата на Исламската држава, тензиите во Јужното кинеско море, кои се настани кои се поврзани и практично се географските црно-бели полиња на големата шаховска табла на која Западот ја лансираше својата мајсторка против растечките источни сили. Целта е преку дестабилизација во географски важните региони, да се срушат “неподобните” режими со независна политика од Западот, да се подели населението кое потоа ќе може полесно да се владее како и да се принудат растечките сили, својот капацитет да го насочуваат кон справување со локални безбедносни проблеми и на тој начин да се пролонгира нивното економско и политичко издигнување на светската сцена. Со други зборови, Западот и САД по секоја цена се обидува да ја зачува својата светска доминација, а армијата служи за виткање на рацете на тие кои не сакаат да им се потчинат
Американската војска не се користи да спречи потенцијален конфликт, туку да руши влади кои не ја следат политиката на САД со цел да воспостави контрола врз важните геополитички региони, обезбедувајќи ги на тој начин, неопходните услови за политичка и дипломатска предност на САД во однос на другите супер сили на геополитичката шаховска табла.
Воените интервенции кои за јавноста се водат во името на “демократијата” и “човековите права” не се ништо друго туку операции за зграбување на ресурсите и воспоставување на контрола на “недемократските режими” кои на еден или друг начин се потенцијални сојузници на растечките источни сили во нивните намери за промовирање на мултиполарен свет во борбата за политичка превласт и контрола во светот.
Тоа го потврдува и пензираниот американски генерал и командант на НАТО, Весли Кларк кој зборува за улогата на американската војска во рушењето на влади и интервенцијата во Ирак за која е донесена одлука десет дена по рушењето на кулите близначки .
-Се сретнав со секретарот за одбрана Рамсфелд и неговиот заменик Пол Волфовиц а потоа ми пријде еден мој пријател од Генералштабот и ме информираше дека донесена е одлука да се оди во војна со Ирак. Тоа беше на 20 септември. Кога го прашав зашто и дали е најдена некаква врска на Садам Хусеин со Ал Каеда тој ми одговори дека не знае зашто е донесена таа одлука а дека таква врска не е пронајдена. Претпоставувам, продолжи тој, дека раководството не знае што да прави со терористите но знае дека имаме силна армија и можеме да рушиме влади, раскажува Кларк и додава дека ако единствената алатка која ја поседуваш е чекан, тогаш секој проблем изгледа како шајка.
Тој продолжува и објаснува дека се сретнал со истиот пријател некое време подоцна, во периодот кога бил бомбардиран Авганистан и го прашал дали сеуште стои одлуката САД да оди во војна со Ирак.
-Тој ми одговори дека е многу полошо од тоа и ми даде документ, меморандум, од секретарот за одбрана во кој беше содржан план да се дестабилизираат седум држави за пет години, Ирак, Сирија, Либан, Либија, Сомалија, Судан и да завршиме со Иран. Бев шокиран, не можев да верувам дека е вистина но токму тоа се случи, вели тој.
Според зборовите на генералот Кларк, може да се заклучи дека се работи за Арапската пролет која била исценирана за да предизвика домино ефект кој треба да заврши со рушење на владата во Иран кој е исклучително моќна држава на Блискиот исток и е еден од трите столбови на потенцијалното обединување на Евроазија во концептот на Мултиполарниот свет.
Практично, крајната цел е да се спречи обединување на Евроазија за Западот на чело со САД да ја задржи својата хегемонија во светот.
Сепак, поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека не може да се споредува Арапската пролет, ниту настаните во Сирија, Ирак и Авганистан со Иран.
-Иран е нешто специфично, голема и силна држава со религиозен екстремизам и напредна нуклеарна програма и затоа сите политики кон Техеран беа нешто посебно. Договорот кој е постигнат со Иран и прекинувањето на санкциите е всушност победа на Техеран. Тоа меѓудругото направено е така и со цел да се спречи понатамошниот руски продор во оваа земја. Договорот со Иран е секако позитивен исчекор во смирувањето на состојбите во овој немирен регион меѓутоа вистинските ефекти ќе се видат во блиска иднина, вели Никовски.
Во своите настапи, генералот Кларк раскажува и за негова средба со Пол Волфовиц во 1991 година, кога тој бил потсекретар за политички прашања во Пентагон, после шиитското востание кое, како што вели го поттикнале САД.
-Го прашав дали е задоволен со перформансот на војската во операцијата Пустинска бура. Тој ми одговори дека не е комплетно задоволен затоа што не се ослободивме од Садам Хусеин но добрата страна е што научивме дека можеме нашите трупи да ги држиме на Блискиот исток за да го задржиме воено присуство во регионот, да ги спречиме советите да се приближат и да ги исчистиме режимите кои се блиски до советите и така да ја задржиме супрематијата пред некоја друга супер-сила да може да не предизвика, раскажува Кларк и додава дека тогаш сфатил дека целта била да се дестабилизира Блискиот исток и да се стави под контрола на САД.
Во своите излагања генералот објаснува дека го шокирало сознанието дека војската на САД се користи да почнува војни и да менува влади а не да делува превентивно да спречи конфликт.
-Оваа држава е превземена од група на луѓе како Волфовиц, Рамсфилд од проектот за новото американско столетие, кои имаат во план да рушат влади, завршува Кларк.
Фактот дека американската војска се користи за дестабилизирање на важни геополитички региони со цел зграбување на ресурси и воспоставување на контрола го потврдуваат иукраинската криза, војната во Сирија, Арапската пролет, појавата на Исламската држава, тензиите во Јужното кинеско море, кои се настани кои се поврзани и практично се географските црно-бели полиња на големата шаховска табла на која Западот ја лансираше својата мајсторка против растечките источни сили.
Целта е преку дестабилизација во географски важните региони, да се срушат “неподобните” режими со независна политика од Западот, да се подели населението кое потоа ќе може полесно да се владее како и да се принудат растечките сили, својот капацитет да го насочуваат кон справување со локални безбедносни проблеми и на тој начин да се пролонгира нивното економско и политичко издигнување на светската сцена. Со други зборови, Западот и САД по секоја цена се обидува да ја зачува својата светска доминација, а армијата служи за виткање на рацете на тие кои не сакаат да им се потчинат.
Извор: “Инфомакс“
|