Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:16 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » July » 7 » БЕЈЛИ СЕ НАЛУТИ: Тие не се мешале во внатрешната политика, ама активно помагале на судиите, судовите, обвинителите!
    11:38 PM
    БЕЈЛИ СЕ НАЛУТИ: Тие не се мешале во внатрешната политика, ама активно помагале на судиите, судовите, обвинителите!

    БЕЈЛИ СЕ НАЛУТИ: Тие не се мешале во внатрешната политика, ама активно помагале на судиите, судовите, обвинителите!

    bejli_naluti

    Ние во Американската амбасада во Скопје често гледаме приказни во медиумите за некои теории на заговор и обвинувања за американско мешање во македонските домашни работи или за акции за дестабилизација на земјата. Веруваме дека повеќето граѓани на Македонија, како и ние ја препознаваат апсурдноста на овие приказни. Како и да е после неколку скорешени тврдења за наши вработени и програми, дозволете ми да ги појаснам овие работи особено околу нашата поддршка за владеењето на правото. Ние сме многу отворени за нашата програма и за нашата вклученост, наведува Бејли на Фејсбук страницата на американската амбасада во Скопје.

     

    Ајде да видиме дали ова што го тврди Бејли е точно, или како и секогаш кога американската администрација нема одговор за нивното насилничко однесување, тие се обидуваат информациите со кои се разоткрива нивната политика да ја дерогираат со што ќе ја класифицираат како „теорија на заговор“.

    Имено, како што неодамна објавивме, амбасадата на САД во Македонија има одделение кое е задолжено за координација со СЈО. Внимавајте, координација со правосуден орган на суверена држава со претставништво на друга држава? Ако тоа е „теорија на заговор“ и ако координирањето на одредена амбасада со правосуден орган на суверена држава не е замешателство во внатрешните работи, тогаш слободно можеме да заклучиме дека во Македонија не постои вистина, или поточно вистината е онаа која ќе ја кажат од Калето, другото се е „теорија на заговор“.

    Раководител на ова одделение во амбасадата за координација со СЈО е Кристина Кранакова, чија ќерка Бисера е активно вклучена во „Шарената револуција“, а нејзиниот сопруг Владимир Каранаков е професор по дрвна индстрија и дизајн, воедно и член на „Професорскиот пленум“.

    Каранакова, како и најголемиот дел од администрацијата на амбасдата на САД во Македонија доаѓа од бивши вработени во МВР, кои по заминувањето на СДСМ од власт се вработија токму во ова дипломатско претставништво.

    https://youtu.be/y_LHtfm5ZAE

    Токму Каранакова повеќе пати е забележана како со службено возило на амбасадата на САД доаѓа во судот, ненајавена и без никаква покана или причина, а последниот пат кога беше забележана, овој пат и снимена беше непосредно пред случајот „Тортура“. Освен ова, од сведоштва на вработени во судовите дознаваме дека речиси секојдневно има неколкумина од амбасдата кои се шетаат по судовите и притискаат одредени одлуки од судиите, кои не се во корист на правдата, туку во корист на една политичка партија.

    Но, тоа е за судовите.

    Амбасадта на САД од осамостојувањето на Македонија до денес, без престан активно допринесува за формирање на структури во општеството, кои во одреден момент ги активира во сопствена корист. Тоа се прави преку обемните финансирања во таканаречениот „граѓански сектор“, или поточно во секторот каде што владеат соросоидите.

    Досега, УСАИД во Македонија има „испружено“ неколку десетина милиони евра за проекти кои се во доменот на медиуми и пропаганда, а последниот проект кој го финансира УСАИД е за промоција и подигање на свеста за правата на ЛГБТ заедницата во Македонија.

    Амбасадата на САД во боите на ЛГБТ

    Амбасадата на САД во боите на ЛГБТ

    Овие структури, во Македонија се контролирани од неколку луѓе, добро познати на јавноста како соросоиди, бидејќи освен од УСАИД тие добиваат пари и од фондовите на Сорос. Меѓу поважните се Владимир Милчин, Бранко Геровски, Борјан Јовановски и редица други кои нема да ги споменеме поради задржување на ментална хигиена.

    Овие луѓе кои се дел од овие структури, наречени „граѓански сектор“ се главните предводници на насилните процеси во Македонија, а се предводени од гореспоменатите кои пак неколку пати во месецот имаат задолжителен брифинг во Амбасадата на САД. Овие луѓе, кои наводно се борат за слобода на говор, изразување, демократија, и што ли уште не, не кажаа ниту збор кога беше цензурирана емисијата на Миленко Неделковски, и тоа цензурирана селективно. (се цензурираше спомнување на САД, Бејли, Запад, ЕУ итн). И ова е само еден меѓу многуте примери.

    Овие тврдења, Бејли индиректно и ги потврди.

     

     

    Во последните 15 години, посочува тој, американската Влада придонесе со повеќе од 55 милиони долари за развивање на капацитетите на македонските судови, судии, обвинители, адвокати на одбраната и полицијата за тие да можат да ги завршат мандатите професионално, транспарентно, ефикасно и со кредибилност. Според него, повеќе од 600 судии, 300 јавни обвинители, 150 адвокати на одбраната и преку 2.000 припадници на силите за безбедности имаале корист со овие напори.

     

    Замислете, 55 милиони евра потрошени за обуки и развивање на капацитетите на судовите. Ако тоа не е корумпирање на судии, обвинители, адвокати кои поради земените пари се врзани да бидат и послушни, и ако тоа не е замешателство тогаш не знаеме што е.

     

    katica-se-slika1-640x480

    Освен ова, Бејли признава и дека тие (САД) го поддржува СЈО, но заборава да спомене или да ги искоментира обвинувањата на адреса на Специјалното јавно обвинителство (формирано по меѓународен диктат), за незаконското работење на оваа група таканаречени правници, обвинувањата за корупцијата на Јанева, за издадените наредби за притвор, претрес и барањата за започнување на судски постапки донесени без правна и законска основа. Освен тоа, Бејли не ги коментира ниту наодите дека СЈО е против-Уставно. Но затоа, не заборава да каже дека САД ги поддржува, а одозгора дури има и специјално одделение во амбасадата за „координација“ со СЈО. Замешателство?

     

    Со оглед на клучната улога во воспоставување на правна одговорност, како што наведува тој, САД го поддржуваат СЈО со обука и помош исто како што претходно му помагале на македонскиот правен систем, на Јавното обвинителство и полицијата од независноста на Македонија до денес.

    - Овој ангажман ја рефлектира нашата длабока посветеност на владеењето на правото за да им помогнеме на луѓето во Македонија да ја решат оваа актуелна криза, да се развијат силни демократски институциии движејќи се кон членството во ЕУ и НАТО. Оваа посветеност останува цврста, пишува Бејли.

     

    Оваа рекација на Бејли следи по објавувањето на доказите до кои дојде iNFOMAX.mk за замешатеството и притисоците кои ги врши Амбасадата на САД врз судовите и судиите во Македонија, особено откако беше снимена Каранакова како влегува во судот непосредно пред започнување на судењето за „Тврдина“.

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 249 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 5
    5 Вељанко  
    0
    И нешто многу друго, но немам се уште... како се вика тоа... подлога... ако добијам, ќе уредам некако. Знам, знам, но... циа е уште без посилно противстоење. Или? Море, не#чесилежите#, туку и ќе си одите...

    4 Вељанко  
    0
    И сега ја чекаат да се фикснат со “Викторела Мутант“ за да упикат граѓански сектор. А веќе знаеме од каде доаѓа тој граѓански сектор, покрај другото, да те поможе, во борбата за демократија, џеси, и “слобода“... Ами зашто ви е тоа? Е така.

    3 Вељанко  
    0
    Па нек формират без тебе, џеси, специјално обвинителство... (чисто за да се види и да се знае, ако може и да се мисли понатаму) -имногу други работи, ако не и повеќе...

    2 Вељанко  
    0
    Џеси, глас да не ти се чуе! И подалеку веќе од судовите... (кој знае кај се сте напикани, но...) А сите вие кои се спремате, или како да го наречам тоа, за викендов малку шаторите стегнете ги и опремете се, зашто у понеделник ќе пројде и овде хураганот “Викторија Мутант“ и ќе остави траги, односно ќе сака малку повеќе да дува од што е... или не?

    1 Вељанко  
    0
    Бејли “сирома“ почна да се правда, по, по, по... А у понеделник истовремено опасна дрога ќе шета во Скопје. “Викторела Мутант“ ексклузивно дознаваме, па кој може да се припазе. Впрочем, таа дрога ќе ја земе специјално специјалната обвинителка Катица куршлус Јанева - Катуленка Јусуф Јанескатис и секако граѓанскиот сектор. Тоа е идејата на Џеси да издила уште некое милионче за придонес во “развојот на правосудниот систем и владеењето на правото“ во Македонија. Џеси, Џеси, па ти нешто, ај што дилаш, ‪#‎чесилежите‬# итн.

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024