(Вознемирувачко)НОВИ СНИМКИ ОД НАПАДОТ ВО НИЦА: Снимки од моментот на влетувањето на камионот во толпата луѓе!
Повеќе од 50 лица загинаа кога вечерва камион влета во толпа луѓе кои го славеле Денот на Бастилја. Според некои извори се слушнало и пукање. Во моментов владее хаос во целиот град, а полицијата се обидува да заведе ред, но паника и немир се чувстуваат на секој чекор.
Се пребројуваат мртвите, а на повредените им се пружа помош. Полицијата апелира луѓето да не излегуваат од своите домови и да станат на безбедно. Од друга страна, оние кои во моментот на нападот се затекнале во кафулиња, блокирани се внатре, зашто полицијата не дозволува ниту да излезат ниту да се помрднат.
Според последните информации, во кабината на камионот кај возачот е пронајдено огнено оружје и гранати, а според информации на владините претставници, напаѓачот додека ги прегазувал луѓето отворил и оган врз толпата.
Ова е моментот на влетувањето на камионот во толпата луѓе, а набрзо потоа полицијата отвори оган кон возачот. Засега не е познато дали возачот е мртов.
http://infomax.mk/wp/%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BE/
Извор: “Инфомакс“
|