ДЕН ПРЕД ВОЕНИОТ УДАР СОВЕТНИКОТ НА ПУТИН БИЛ ВО АНКАРА: Дугин најавил соработка помеѓу Турција и Русија – следеше пуч!
Во својот говор Александар Дугин кој важи за еден од советниците на Владимир Путин, водечки аналитичар во аналитичкиот центар „Катехон“ зборуваше за напорите кои ги прави Турција и Русија со цел враќање на добрите односи меѓу земјите по провокацијата организирана од американските разузнавачки агенции, што резултираше со соборување на Руски авион, во кој животот го загина пилотот
Прес конференцијата Дугин ја одржа ден пред воениот удар, на 14-ти Јули во живо на една од централните турски телевизии.
Во моментот Турските лидери ја променија својата стратегија кон Средниот Исток и Русија. Понатамошното приближување помеѓу Анкара и Москва во врска со Сириското прашање и останатите прашања директно ги уништува плановите на Вашингтон за реконфигурација на регионот и трансформација во зона на хаос и нестабилност, како Либија и Ирак.
Александар Дугин додаде и дека Труција и Русија имаат заеднички непријател – „Хегемонијата на САД и радикалните исламски терористи кој го користат како инструмент“.
Александар Дугин:
(превод на видеото)
Драги пријатели, мило ми е што сум во Турција, имено во овој момент кога односите меѓу нашите земји мошне брзо се подобруваат. Практично секоја новост која ние во Москва ја примаме од Турција денес принципиелно ги радуваат оние луѓе кои ја разбираат смислата на геополитичките процеси. Кога претседателот на Турција, г-нот Реџеп Ердоган изрази сочувство во однос на трагичната гибел на рускиот пилот тоа ја тргна напнатоста помеѓу нашите односи. Но за оние кои ја сфаќаат длабоката смисла на собитијата не стануваше збор само за морален гест од страна на претседателот на Турција. Ние во тоа гледаме длабоко менување на стратешката рамнотежа на сили меѓу Русија и Турција на целиот Блиски Исток. Особено сакам да нагласам дека ние едноставно не се враќаме кон онаа точка каде се наоѓавме до трагичниот случај со нашиот пилот. Не е правилно да се смета дека сега веднаш ќе почнат да доаѓаат руски туристи, ќе започне економското партнерство, и се ќе биде така како што беше. За тоа време додека меѓу нас односите беа заладени, и речиси конфликтни, и Москва и Анкара сфатија многу нешта. И донесоа сериозни заклучоци. Најглавниот заклучок, колку што сфаќаме, и во Русија и во Турција, стана очигледно дека оние сили кои сакаа да не скараат, тие и сакаат зло не само на Русија, но и на Турција. Тие сили ги поттикнуваа нашите народи на војна, и во принцип се закануваа со губење на суверенитетот на Турција. И уште е поважно тоа што претседателот на Турција Реџеп Ердоган ја осмисли стратешки длабоката смисла на тие собитија кои доведоа речиси до раскинување на нашите односи. Ние во Русија се обидувавме не само да се вратиме на ситуацијата на нашето пријателство, ние го разработувавме и системот на сосем новиот модел на односи помеѓу Русија и Турција. И затоа ние сега стоиме на прагот на суштинското враќање на руско-турските односи. Ни помалку ни повеќе, станува збор за стратешко партнерство помеѓу Русија и Турција. За тоа што нам ни е неопходно точно да ги определиме начините, методите и патиштата за помош еден на друг во зацврстувањето на суверенитетот. На територијалното единство и на Русија и на Турција му се заканува еден ист непријател. На прво место, тоа е хегемонистичката политика на САД на Блискиот Исток и како инструмент на таа политика, радикалниот исламски тероризам. Ние го гледаме трагичниот теракт на аеродромот во Истамбул и срдечно сочуствуваме со турскиот народ. Но обрнете внимание кој е главен за експлозијата при извршување на овој теракт. Тоа се исламски терористи со потекло од Чеченија кои се борат во Сирија на страната на ИСИС. И овој теракт се случи веднаш по изјавата на сочувство од страна г-н Ердоган во врска со смртта на нашиот пилот. Убеден сум дека набрзо нашите претседатели, претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Турција Реџеп Ердоган ќе можат лично да се сретнат. Можеби во Кина, а можеби и порано. Но сега е премногу важно тие сили кои максимално помогнаа да се разреши овој конфликт и да се подобрат руско-турските односи и во Москва и во Анкара, да започнат да работат во тој правец, подготвувајќи модел за геостратешки сојуз. Всушност, убеден сум дека руските туристи ќе дојдат во Турција, турските производи ќе се увезуваат во Русија, ќе проработи Турскиот Поток, но тоа не е најважното. Тоа е последица, тоа е второстепено. Најважно сега е да се разработи заедничка совмесна стратегија помеѓу Русија и Турција за спас на целиот блискоисточен регион. Ние одлично сфаќаме од каде, од која страна произлегува најстрашната закана за турскиот суверенитет, за турската национална државност. Тоа е националниот сепаратизам и исламскиот радикализам. Но ние не можеме да стоиме зад територијалната целосност на Турција и зад територијалната целосност на Русија, ако не ја подржиме територијалната целосност на Сирија. Затоа и во тој однос, треба да имаме заедничка стратегија. Можеме на различен начин да се однесуваме кон Асад, но нашите заеднички позиции треба да бидат недозволување на распад на Сирија. Русија е подготвена да ја земе предвид загриженоста на Турција во однос на северната територија на Сирија. Но според нашите информации, инцидентот со рускиот пилот во голем степен бил обид за раскинување на развитокот на тоа разбирање. Оние процеси кои ги набљудувавме во турската политика после тоа, не убедува дека г-нот Ердоган, исто така, одлично ја сфати смислата на таа провокација. Затоа сега стоиме на почеток на многу важен, судбоносен процес. На почетокот на разработувањето и создавањето на руско-турско стратешка алијанса. Сакам да обрнам внимание на еден многу важен геополитички детал. Америка денес ни на еден свој сојузник, сојузник, обратете внимание, не може да и обезбеди територијална целосност. Напротив, ние гледаме интервенција, хаос, распад на државите. Во што се претвори Афганистан, Ирак, Либија, Јемен, Сирија? На кој начин Американците им ја обезбедија територијалната целосност на Грузија и на Украина? Ете такво сценарио и се подготвува и на Турција. Единствен пат за спас на турската држава во оваа сложена ситуација се состои во враќање на политиката на Кемал Ататурк и склучување на геостратешко партнерство со Русија. Советска Русија во свое време помогна во создавањето на независноста на Р. Турција. Оној кој сфаќа што е тоа геополитика гледа дека денес ситуацијата е толку критична, не треба да се занимаваме со површната страна на работите, комфортот, удобноста... Јас бев во Сирија непосредно пред граѓанската војна. Тоа беше спокојна, воопшто, речиси современа европска земја. Денес е крвав ад. За да не дозволиме тоа да се повтори ниту во Турција ниту во други земји, ни во земјите на Јужен Кавказ, треба да делуваме совмесно, отворено, сфатливо еден за друг, и ако видиме дека постојат сили кои ни го попречуваат руско-турското зближување, треба да бидеме отворени и чесни еден кон друг и да си помогаме во борбата еден на друг, при тоа и со внатрешниот непријател, кој го има и во Русија и во Турција. Знаете, никогаш не сакам да си припишувам себе некакви заслуги и реални, уште помалку нереални, но во оваа сложена ситуација ние, претставниците на евроазиското движење направивме се, и повеќе од што можевме, за зближување на нашите односи. И во Турција оние луѓе кои се трудеа на зближувањето, тоа беа наши стари пријатели од партијата Ватан и новите пријатели од евроазискиот сојуз. Затоа, тоа е резултат на огромни усилби. Јас сум искрено среќен што тоа ни успеа. Меѓутоа, пред нас стои многу посложена и поважна работа. Сите тие претпоставки за нашата руско-турско стратешка алијанса да ги претвориме во реалност. И овде ни е многу важна помошта на сите патриотски турски сили независно од партиската и идеолошката припадност. Се разбира, турскиот народ самиот ќе решава какви сили ќе подржува, кои од лидерите ќе го подржува, но јас сакам да изразам лично признание на претседателот на Турција Реџеп Ердоган за онаа мажественост преку која тој во себе најде сила да изрази солидарност со судбината на рускиот пилот. Тоа не беше само морален чин, тоа беше далекувиден политички акт, и во тој однос тоа ни дава надеж дека навистина од тоа ќе произлезе нашата нова соработка. Ви благодарам на сите, подготвен сум да одговорам на вашите прашања.
Моите колеги велат дека постои можност да се сретнам со претседателот на Р. Турција... За мене тоа би било многу интересно и важно собитие, затоа што, според мое мислење, сега е неопходно да се подготват тие чекори во однос на нашето ново зближување и мене ми е тоа премногу важно за ние во Русија да имаме претстава што размислува раководителот на Турција во однос на нашата блиска иднина и да му помогнеме...
Одговор на парашање:
На прво место, ние поаѓаме од принципот на територијалната целосност на Турција... Во однос на сириските Курди ние имаме двоен однос. Од една страна, во услови на конфликт со Турција имаше определени дејствија во тој правец од страна на Москва. Од друга страна, Курдите се борат против ИСИС против кои ние војуваме, а од трета страна, Курдите ги подржува Америка и се подготвува на основа на сириските Курди создавање на Курдистан. Тој проект воопшто не влегува во нашите стратешки интереси. Затоа ние многу внимателно се однесовме во однос на предлогот од страна на Турција по повод на користењето на воената база во Инџилик за руската војска и во услови на стратешко партнерство со Турција, ние, се разбира, ќе го разгледаме уште еднаш тој однос кон Курдите. Но најглавното што, според мое мислење, сега е неопходно, и затоа се надевам во оваа кратка посета на Турција да го разгледам тоа со сериозни политички, стратешки дејци од Турција, тоа е да се изработи општа стратегија во однос на разните сили кои учествуваат во конфликтот во северна Сирија. Ние немаме специјални, различни од Турците, интереси. И ако Анкара и Москва се согласат во однос на признавањето на територијалната целосност на Сирија, и ако Анакара го измени односот кон Асад, тоа ќе повлијае на нашиот однос кон Курдите. Но ние не треба да говориме за пријателство против некого, ние треба да имаме јасна претстава за националните интереси на Турција и истите да ги усогласиме со националните интереси на Русија. Ние одлично ја разбираме чувствителноста на Турците кон прашањето на Курдите и во рамките на разумната, јасна рамнотежа на силите ние сме спремни да се движиме во тој правец совмесно со нашите пријатели од Турција. Тоа и се нарекува стратешко партнерство. Ние сериозно се однесуваме кон вашите интереси и кон вашите проблеми, а вие пак, исто така, треба да постапувате во однос на нашите интереси и нашите проблеми.
https://youtu.be/NLIRO1fr2Ps
Извор: “Инфомакс“
|