Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:33 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » July » 18 » АНАЛИЗА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Кога имаш народ, тенковите се победуваат и со еден телефонски повик!
    2:24 AM
    АНАЛИЗА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Кога имаш народ, тенковите се победуваат и со еден телефонски повик!

    АНАЛИЗА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Кога имаш народ, тенковите се победуваат и со еден телефонски повик!

    mirka_milenko

    На 15 јули, во петокот, човештвото присуствуваше на првокласен историски спектакл, попрво фантастична лекција во живо за тоа кој ја пишува историјата: поединецот или колективот?

    Ердоган и неговото опскурно соборување таа ноќ беше искрата што го запали народниот оган и го претвори во настан со длабоки последици, по кои ништо нема да биде како што било. Не само во Турција. На прво место ги испрати превратите во историската архива под графата ,,пасе“. Сега се модерни терористичките индивидуални напади. Поевтини сж, животот на обичните луѓе не е берзанска акција која носи профит за Сорос, а ефектни се за плашење ,,проста маса“.

    Во сложената, политички антагонизирана и културно, традициски и верски шаренолика Турција повторно се случи државен удар и тоа една година по одржаните избори на кои им претходеа ,,револуционерни настани“ во организација на ЦИА и УСАИД (во настаните учествуваше и Џес Бејли). За изведба на превратот традиционално беше задолжена турската армија која има митолошки ореол на директен наследник и ексклузивен чувар на револуционарното наследство на Кемал Ататурк. Се разбира, приказната нема никаква врска со реалноста, па и во случајов малкумина знаат дека воените удари што во втората половина од 20 век ги изведуваше армијата, односно генералскиот врв беа мотивирани од потребата на новата политичка класа, т.н. европски аристократска (остатоци од отоманскиот двор преоблечени во буржуи) и општествено привилегирана офицерска класа, да ја задржи сопствената елитистичка ексклузива. Слично како што оставината од НОБ ексклузивно си ја приграби СКМ, односно, црвената буржоазија. Оти милионите Турци, обичниот народ, по ниту еден таков преврат не заживеа подобро, не стана пописмен, повработен, поуспешен. Општеството беше поделено, класните разлики продлабочени, економијата слаба, корупцијата енормна, социјалата неподнослива. Сж до доаѓањето на контроверзниот Ердоган. Со него и неговите реформи и ентузијазам, со визија, на Турција ч тргна. Силовито. За 10 години процутеа претприемаштвото и трговијата, од корен се смени здравствениот систем, кој стана трет по квалитет во светски рамки и функционален за сите Турци. Образованието процуте, политиката се отвори во сите правци и Турција се најде меѓу 20-те најуспешни и најбогати држави во светот со статус на регионален играч.

    Политика на зијан и кризи

    Кому се и зошто ваква Турција му пречи е прашањето со кое ќе се занимаваат истражувачите на 22 век по нужната временска дистанца за пообјективно гледање на сите аспекти. Нам, на современиците оптоварени од пропаганди, перцепции, лаги и лакировки, ни останува да даваме првични оценки. Главната е дека Турција беше нападната пред да помисли да го смени курсот и да се врати на неутралноста, во согласност со својата просторна геополитичка конфигурација. Оти, со западната политика што ја водеше, само зијанеше и кризира. Од петочниот обид за воен удар, а по првичната шокираност и неверување, недвосмислено можат да се заклучат следниве работи: планерот многу брзал, значи, бил во временска теснина. Изведувачот на работите (војската) поради тој притисок не успеал да мобилизира поголеми делови од армијата која, во меѓувреме, по налог на Ердоган, најмалку двапати беше кадровски прочистувана од американско образовно влијание. Последниот пат, по обидот за преврат во 2013-14 година познат како ,,судски пуч“ и ,,Таксим“ шарената револуција. Дури сега гледаме дека сите претходни операции биле обид на Ердоган да ја неутрализира мрежата на паралелна држава во турските државни институции која му ја инсталирале партнерите и петтата колона. Затоа биле чистките во армискиот, полицискиот, судскиот и божем во медиумскиот слободоумен двор (кај нас пленум). Сега се покажа дека мрежата сж уште е жива, иако полна со дупки и закрпи. Турската општествена елита која е потоната во својата самодоволност и ароганција, и по сто и кусур години од падот на султанот, продолжила да го смета народот за непросветена и невидлива раја. Што е негирање на наследството на Ататурк. Го присвои неговото политичко наследство кое го арчи ексклузивно приватно, лишувајќи ги најшироките народни слоеви од придобивките од него. Една од главните е слободно изразена политичка волја на плурални избори. И со овој преврат, таа мнозинска волја требаше да биде поништена. Божем заради ,,диктаторот“ Ердоган. Затоа заврши со втрчување на голоракиот народ на теренот каде што тенковите, униформите, оружјето требаше да ги постават новите правила на игра. Кој победи знае сиот свет, освен, ,,елитистите“ и ,,авангардите“ кои за ,,мислење“ го користат матриксот на сите пучистички операции во последните 70 години.

    Раја и азијатска стока

    На светот по вторпат, во краток интервал му ,,се случи народ“. Прво со референдумот за брегзит, а сега и со херојската борба на турскиот народ, кој храбро и достоинствено ја одбрани својата изборна, значи, демократска волја. Докажа дека не само што не е раја и азијатска стока, туку дека повеќе никому нема да му дозволи да го третира за таков. Затоа неговата порака одекна на сите континенти како заедничка радост, мотивација, самодоверба. Заразно е нема што! Дотолку повеќе што истата таа човечка маса ги виде лицемерството, стравот и несигурноста кај доминантните владејачки ешалони. Стравот од промените во свеста на луѓето. На САД, ЕУ и НАТО им требаа 24 часа за да се јават со пристојно куртоазни (читај неискрено лицемерни) политички изјави. Дадени по сериозна бламажа, со парада од корпоративни ,,експерти“ кои медиумски ја продаваа својата нарација за диктаторот Ердоган и неговите султански комплекси, заборавајќи тука да ги вклучат спецификите на просторот, шареноликоста на традициите, религиите, стиловите на живот, идеологии и култури, на сложените односи на Турција со соседите во регион што го кризираат империјално – колонијални политики. Оти да се одржи во хармонија ваква сложена структура е само по себе уметност, а е вистинско чудо кога во тој амбиент ќе се вклучат надворешни фактори со лоши намери. Е па постмодерниве Турци ни покажаа дека се поголеми од сите шеми. На денот на превратот, омразениот, критикуваниот, оспоруваниот Ердоган, со само еден телефонски повик до владејачките и опозициски медиуми, успешно го мобилизира турското население. Против пучистите заедно застанаа и опозиционерите и владејачките ,,фанови“. Во името на Турција и нејзината иднина. Парламентот од бомби го бранеа сите парламентарни партии. Турското државно знаме го вееја сите. Ако планерот се надеваше на граѓанска војна, гадно се прејде. Ако мислеше дека во седумдесетмилионска Турција може лесно да му го одземе правото на избор на секој нејзин жител и по своја волја да му избира власт, се преиграл. Тој тоа веќе 10 години не го успева ни во обезвластена и кротка Македонија, ни во Гамбија, ни во Еквадор, ни во Унгарија, а ете ни во Австрија. Часовите по историја зачестија. Заедно со Турците вчера славеа и Сомалијците и Сиријците кои Ердоган со своите погрешни политики ги унесреќуваше колку до вчера и Тунижаните, Ирачаните, Индонезијците, Малезијците, Филипинците, Аргентинците, Перуанците, Гватемалците, Венецуелците, Бразилците, Палестинците…

    Мртва трка за најглуп коментар

    Ова нормално не важи за македонските елитни ,,револуционери“ кои почнаа да го слават превратот на самиот почеток, верувајќи слепо во семоќта на странски чадори, во волшепството на силата и нивните директиви. На денот кога турскиот народ ни покажа колку му е скапоцена слободата сам да донесува одлуки и да понесе одговорност за нив, македонските салон-револуционери нж поучија дека ,,има разлика меѓу воен удар во демократска држава и воен удар во дикатура“ (Билјана Секуловска) дека ,,ебати државата во која нема шанси да се случи државен удар“ (Суад Мисими), па ,,демократски избори денес повеќе не значат ништо суштинско“ (Ивор Мицковски) и затоа ,,честито, па ајде и на наша глава“ (Лидија Димова, пратеник на СДСМ). Сепак, како најглуп би го издвоиле коментарот на ,,генијот“ Ивор Мицковски дека ,,Ердоган кукавицата се скри зад народот кого го повика по телефон да го брани“, па веќе го гледа македонскиот пандан Груевски како во ,,нивниот“ пуч, ги повикува на отпор своите двесте илјади ,,лајка“. За разлика од диктаториве цвикатори, Мицковски јуниор за цело револуционерно време храбро и на отворено, заштитен само од еден чадор, чека странска војска да го ослободи од диктаторскиот јарем што му го наметнал ,,лојалистичкиот рурален народ“. Навистина, по петоков, што ли ќе биде со ваквиве храбри ,,мажишта“ на кои не им треба народ, ако парталавиот чадор одеднаш, заради објективни околности (пресметан ризик и резил во низа ) се затвори над нивните безумни глави и токму кога најсилно ќе лие?

    Мирка Велиновска
    Извор: “Дневник.мк
    , Инфомакс“

    Views: 220 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024