Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » July » 20 » Турската амбасада во Русија ја појасни улогата на Ѓулен во превратот
    4:07 PM
    Турската амбасада во Русија ја појасни улогата на Ѓулен во превратот

    Турската амбасада во Русија ја појасни улогата на Ѓулен во превратот

    Воениот преврат во Турција од 15-ти јули се обиделе да го изведат следбеници на „религиозниот фанатик“ Фетулах Ѓулен, а не националната армија, изјави аташето за односи со јавноста во амбасадата на Турција во Москва. 

     

    Ноќта од 15-ти кон 16-ти јули побунета фракција во турската армија направи обид за воен пуч. Главните судири беа во Истанбул и Анкара, а по неколку часа турските власти објавија дека превратот е задушен. Според последните информации, 190 цивили загинале, а повеќе од 100 пучисти се убиени, и околу 1500 лица се ранети во судирите.

    „Во некои медиуми улогата на Ѓулен во бунтот од 15-ти јули се става под сомнение. Но за Турците, кои ги познаваат Ѓулен и неговата група, улогата којашто тие ја одиграле не претставува изненадување. Тој човек со децении ги поставува своите луѓе во сите стратешки институции на земјата. Пред овој пуч тие имаа уште еден обид да ја преземат власта. Многумина сметаат дека турската секуларна армија излегла против (претседателот Реџеп Тајип) Ердоган. Тоа е погрешно“, изјавил за агенцијата РИА, аташето Орхан Газигил.

    Според него, „против властите излегле луѓето на религиозниот фанатик Ѓулен, кои го сметаат него за Месија“. „Но турската армија со сите свои делови им се спротистави. И сите слоеви од народот, без разлика на своите убедувања, беа на страната на легално избраната власт“, рекол претставникот на турската дипломатска мисија во руската престолнина.

    Притоа Газигил истакнал дека „училиштата на Ѓулен се затворени во Русија уште во 1990-те години“.

    Анкара од САД бара да ѝ биде предаден Ѓулен, кој во сојузната држава Пенсилванија живее од 1999 година, а во вторникот првпат за таа цел испратија и документација. Самиот Ѓулен го осуди обидот за воено преземање на власта и отфрли обвинувањата дека има некакво учество во настаните. Тој ги повика американските власти да го одбијат барањето за негова екстрадиција во Турција.

    Извор: “Макфакс“

    Views: 212 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024