Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 0:51 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » July » 20 » Во Киев во експлозија на бомба убиен угледен новинар
    4:25 PM
    Во Киев во експлозија на бомба убиен угледен новинар

    Во Киев во експлозија на бомба убиен угледен новинар

    Угледниот руски новинар Павел Шеремет, родум од Минск, кој последните пет години престојуваше во Украина и како истражувачки новинар работеше за онлајн изданието на весникот Украинская правда, е убиен во средата утрото во експлозија на бомба во автомобил во центарот на украинската престолнина Киев.

     

    Павел Шеремет се возел во службениот автомобил на сопствениот на весникот кога автомобилот бил разнесен од силната експлозија, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Гарашченко.

    Според очевидци, се слушнала силна експлозија и тие виделе дека таа се случила под автомобилот, кој останал изгорен на среде улица. Шеремет бил веднаш изнесен од возилото, медицинската помош стигнала на местото многу брзо, но не успеале да го спасат новинарот.

    Од полицијата изјавија дека Шеремет бил убиен со бомба на далечинско управување.

    „Нема сомневање дека причината е експлозија од експлозивна направа поставена од сторителите... Очигледно, експлозивната направа била длечински управувана или со тајмер“, изјави Герашченко за телевизијата 112 Украина.

    Според првичните сознанија на истрагата, моќноста на експлозивната направа била од 400 до 600 грама тротил. Полицијата веднаш отворила истрага за делото „убиство со умисла“.

    Челничката на Националната полиција на Украина, Хатија Деканоидзе вети дека ќе бидат преземени сите чекори за да се најдат убијците на новинарот Павел Шеремет.

    „Во шок сум, не знам што да речам, прашање на чест на полицијата е да го истражи овој случај. Тој беше првиот кому му дадов интервју. Беше многу добар новинара...“, изјави Деканоидзе за новинарите.

    Трагичната смрт на Шеремет предизвика реакции од многу украински политичари, и речиси сите се уверени дека причина за ова убиство е професионалното ангажирање на новинарот.

    И основачот на Украинская правда, Гоергиј Гонгадзе беше истражувачки новинар кој беше убиен пред 16 години. Неговото обезглавено тело беше пронајдено во шума близу Киев.

    http://makfax.com.mk/svet/evropa/vo-kiev-vo-eksplozija-na-bomba-ubien-ugleden-novinar

    Извор: “Макфакс“

    Views: 270 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025