Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:24 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » July » 20 » Захарова: Украина стана заедничка гробница на новинарите
    4:27 PM
    Захарова: Украина стана заедничка гробница на новинарите

    Захарова: Украина стана заедничка гробница на новинарите

    Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова реагираше на убиството на новинарот Павел Шеремет во Украина.

     

    Смртта на новинарот Павел Шеремет во Киев покажува дека Украина станува заедничка гробница на новинарите и новинарството, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова на својата страница на „Фејсбук“.

    Притоа таа потенцира дека станува збор за Украина како систем, а не како земја.

    Захарова го нарече Шеремет професионалец кој не се плашеше да им кажува на различните власти во различни времиња што мисли.

    Белорускиот новинар долго време работеше на руската телевизија, а пред пет години се пресели во Украина.

    Павел Шеремет загина во експлозија на автомобил кој припаѓаше на раководството на интернет-изданието „Украинска правда“. Полицијата претпоставува дека новинарот е убиен со помош на бомба на далечинско активирање или со темпирана бомба. Многу политичари и колеги на Шеремет го поврзуваат убиството со неговата професионална работа.

    Ова не е прво убиство на новинари во Украина. Така, во април 2015 година, пред својот дом беше убиен познатиот новинар Олес Бузина,пишува РИА „Новости“.

    Извор: “Руска реч на македонски“

    Views: 243 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024