Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » July » 20 » МИРКА И ДНЕВНИК ОТКРИВААТ: Турскиот пуч бил планиран за август, со криза во Грција и колапс на целиот Балкан!
    4:56 PM
    МИРКА И ДНЕВНИК ОТКРИВААТ: Турскиот пуч бил планиран за август, со криза во Грција и колапс на целиот Балкан!

    МИРКА И ДНЕВНИК ОТКРИВААТ: Турскиот пуч бил планиран за август, со криза во Грција и колапс на целиот Балкан!

    mirka_milenko

    Дознаваме дека турскиот преврат бил првично испланиран за август 2016 година за кога е закажано и кризирањето на грчката влада и требаше да биде вклопен во стратегијата за сериски слични операции на Балканот и на Kавказот. Цел: Да се подигне железна завеса меѓу Европа и Азија за Америка да не ја загуби својата позиција на светски господар

    По првите информации од исказите на осомничените превратници пред истражните органи на Турција за минатопеточниот обид за воен удар и реакциите на тие настани од Вашингтон и Брисел, може да се каже дека Реџеп Таип Ердоган не си го нарачал и одглумил превратот за да ќари уште власт. Дека крвавите настани не се наивна случајност и шекспировски летен сон на армиски аматери. Најмалку се изненадување за оние што доминираат со информациите во светот кој сеопфатно го контролираат. Особено, кога се и лично присутни на просторот во кој се крчка сложена операција каква што е изведба на воен удар. Ако веќе се знае дека вселенскиот патријарх Вартоломеј одлета за Словенија непосредно пред заземањето на истанбулскиот аеродром од страна на пучистите, а баксузот Kристијана Аманпур повторно се најде на вистинското место и во вистинското време, додека Ердоган опуштено баш тогаш одмораше во Мармарис, изгледа дека само Турците биле изненадени од тоа што ги снајде.

    Дека превратов бил позната работа за повеќе центри дознавме од првата изјава што дојде од официјален Вашингтон во мигови кога ни Турците не знаеја зошто има тенкови на мостовите на Босфор и зошто над главите им летаат воени авиони и хеликоптери, а гласеше ,,турската армија е проверен и веродостоен американски партнер со кој одлично се соработувало и ќе се соработува“. Тоа што превратот пропадна е вистинското изненадување на недвосмислено шокираните центри на моќ на кои им требаше едно деноноќие да склопат дипломатска изјава која ќе пие вода, а на Барак Обама да го свика итно својот совет за безбедност. Kрајно, ја слушнавме разочараноста на еден од неговите воени советници дека ,,пучот беше последна шанса да се спречи исламизацијата на Турција и деградацијата на турското општество“.

    Линија на огнот

    Но, сега малку проверена и кредибилна фактографија за да се разјаснат настаните што се одвиваат на просторот на исцртаната линија на огнот која ја промовира лично Џон Kери, шефот на американската дипломатија, а ги опфаќа Балканот и Турција во склоп на визијата на Барак Обама кој од говорницата на Советот за безбедност на ООН ги најави 30-годишните војни за темелно државно преуредување на Медитеранот. Повеќе пати сме пишувале дека оваа стратегија значи палење на стрништата, па длабоко орање на теренот, а потоа сеење и на крајот доаѓа жетвата. По овој редослед, подготовката за нов преврат во Турција почна во 2011 година. Тогаш над земјата се отвори чадорот и одеднаш Турција почна зачестено да кризира преку секакви ,,спонтани“ тензии. Се разбира, целта беше да се намали моќта на популарниот Ердоган за кој целокупната турска опозиција немаше соодветен лидерски пандан, односно, имаше криза на авторитет во нејзините редови како последица на замор на материјалот и недостиг од програмска алтернатива. Фетулах Ѓулен се појавува како имплантиран хибрид, како политичко Монсанто (слично како УЧK во Македонија по Рамковниот). Неговото ГМО очигледно се ,,прими“ во турските државни институции, арно ама владејачките безбедносни ,,агрономи“ го детектираа и почнаа да го требат како посев со кока. Неколкупати беа организирани чистки на безбедносните сили, судството и како колатералка, медиумите. Kога пропадна и „Таксим“, архитектонско-еколошката револуција во 2014 година, Чадорот разбра оти оваа стратегија на етапност не ги дава саканите ефекти, како, на пример, во Македонија. И не што не ги дава резултатите, туку наместо да заслабне, турскиот ,,султан“ Ердоган се засили, па почна и да клоца. За Чадорот тој стана ,,пејн ин д ас“ кој требаше да го надмине. На сила реши да тргне со сила. Е, ама минаа пет години скапоцено време. Планерот за преуредување на просторот Блиски исток-Балкан, односно Медитеранот, почна да брои ситно, а тогаш веќе не се мисли, туку само се дејствува.

    Точно напладне

    Дознаваме дека турскиот преврат бил првично испланиран за август 2016 година за кога е закажано и кризирањето на грчката влада и требаше да биде вклопен во стратегијата за сериски слични операции на Балканот и Kавказот (вклучувајќи ја и Македонија каде што се најавува есенска офанзива на тие што во првиот момент се израдуваа на пучот во Турција). Цел: Да се подигне железна завеса меѓу Европа и Азија за Америка да не ја загуби својата позиција на светски господар. Рецептот прост како грав: инсталирање паралелни државни институции и органи и разбивање на општествата во антагонизирани групировки лесни за маневрирање по потреба. Стандардни алатки за вакви дејства се НВО организирани и финансирани, па и бесрамно поддржувани од институциите на дародавецот, медиумите и корумпираните елити со утврден дефицит на достоинство, никаков кредибилитет и ниска со точка на топење. За ова сценарио повеќе од една година знаеле и тајните служби на Турција и самиот Ердоган и соодветно се подготвувале преку собирање податоци. На 15 јули, точно на пладне (симболично време за закажан каубојски двобој), Одделот за борба против тероризмот на турската полиција побарал од судиите во државата да донесат 2.000 наредби за апсење на високи армиски старешини. Судиите што одбиле тоа да го сторат, постпучистички ги гледаме како суспендирани или разрешени од должност зашто некои од нив ги информирале за акцијата офицерите превратници. Е токму ова го стартуваше превратот порано и без претходни нужни подготовки. И самиот Ердоган во својата телефонска изјава за јавноста рече дека за тоа што се спрема знаел седум часа претходно. Важно е дека во паника и игра на с` или ништо, а заради прекината или нарушена командна комуникација, превратнициве не можеле да обезбедат согласност од специјалните воени сили кои се клучни за преземање на власта. Решиле затоа да купат малку време со блокади и регрути без воено искуство. Ќе рече тоа дека итриот Ердоган им наместил стапица така што им смислил провокација на која не можеле да и одолеат од страв за кожичките. И во која пучистиве паднале. Акција и реакција на дело како час по физика.

    Навредениот амбасадор

    Е сега, кога станува збор за планерот на неуспешниот преврат, Ердоган го обвинува Фетулах Ѓулен од Пенсилванија. Но, изјавите на шефот на владата, министрите и пратениците упатуваат на дешифрирање на ,,дипломатскиот“ контекст зад кој се чита ,,ти говорам ќерко, сети се снао“, па излегува дека прстот е вперен директно во Вашингтон. Ќе рече некој зошто? Што им треба на Турците токму сега да отворат фронт со господарот на светот и нивниот стратешки партнер, да се џилиткаат непотребно и ризично? Па ништо особено, освен што сосема ,,случајно“ по пат на дедукција, турските служби дошле до непријатно и изненадувачко сознание дека сите армиски бази и касарни во Турција во кои има на гости американска војска и разни воени ,,гаџети“ случајно се употребени за изведба на воениот пуч. Дури и уапсениот командант на Инџирлик во истражните сослушувања веќе призна дека бил дел од превратот. Тука се поставува прашањето на кредибилноста на политичките изјави од Вашингтон дека немаат врска со превратот. Имено, како е можно во критичните часови од превратот од таа база која е најстрого безбедносно осигурана, во еден момент да полетаат и исчезнат во непознат правец 42 хеликоптера, а никој и од американскиот и НАТО-персоналот во базата да побара објаснување од турската влада. Дотолку повеќе зачудува безгрижноста на Пентагон и НАТО за сигурноста на атомските бојни глави складирани во сите воени бази на турско тло.

    Исклучената струја токму по неуспешниот преврат исто така има тешка симболика во смисла на обвинение. Џон Kери може да е навреден од сомничењето без докази ама, чувствува дека покрај локалните превратници и тој е соблечен по гаќи. Kако и американскиот навреден амбасадор во Турција. И ако учествувал во дешавката, но и ако не знаел ништо, а му се организирала пред носот, Турците му го земаа остатокот од чаламот. Во ваков случај, секој непријател и конкурент на американската воена машинерија сега знае дека дечкиве се гола вода. Немаат ефикасни тајни служби, специјализирани агенции и инфраструктура за превентива и самоодбрана. Па кој сака им соборува кули близначки, го ака со бомби Пентагон, ги тера во војни кои редовно ги губат и кој сака може да ги испотепа на спиење. Федерика Могерини може во секој миг да биде повикана на заедничка фото сесија за да глуми евро-атлантска солидарност. Глупава и фарсична финта. Столтенберг и онака стои на готовс пред својот врховен командант 24/7, ама горе–долу сите, освен македонските милитаризирани демократи заплеткани во слична ваква паралелна мрежа и со иста цел, се на јасно кој, што и зошто прави на исцртаната линија на огнот. И не им е ич пријатно. Трагите оставени во летниот снег сега им ги читаат и улични џукели, а оружјето, претежно арсенал на уцени, закани, блокади, санкции е ефикасно исто како тенковите на турските превратници пред голораките Турци.

    Мирка Велиновска
    Извор: “Дневник.мк
    , Инфомакс“

     

     

    Views: 239 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024