Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » July » 21 » ГРОБАРОТ НА СДСМ: Шеќеринска „тури пепел“ на преговорите – СДСМ ги изгуби сите позиции кои претходно ги имаше!
    3:34 AM
    ГРОБАРОТ НА СДСМ: Шеќеринска „тури пепел“ на преговорите – СДСМ ги изгуби сите позиции кои претходно ги имаше!

    ГРОБАРОТ НА СДСМ: Шеќеринска „тури пепел“ на преговорите – СДСМ ги изгуби сите позиции кои претходно ги имаше!

    Во средата, 20 јули заврши уште една рунда од преговорите помеѓу четирите најголеми политички партии во Македонија, на кои требаше да се дефинира датум за предвремени парламентарни избори. Иако наречен договор, всушност во текстот на три листа нема ништо значајно, ниту пак нешто е договорено освен дека на 31 Август повторно ќе седнат на маса кај Бејли дома и ќе разгледуваат што досега завршиле

     

    rada_sram

    Иако ништо суштинско, договорот е поразителен за опозицијата, бидејќи сите претходни барања кои опозицијата ги постави како услов за одржување на предвремени парламентарни избори паднаа во вода, а за тоа најголем виновник е преговарачот – Радмила Шеќеринска, која слободно можеме да ја наречеме и „гробар на опозицијата“.

    Од моментот кога застана на чело на СДСМ, опозициската партија е во константен слободен пад, а сега засилен и од нејзиниот двојник Зоран Заев. Во 2008 година Шеќеринска го донесе најголемиот пораз на СДСМ, најкатастрофалниот дотогаш. Осум години подоцна, Шеќеринска е повторно на кормилото на бродот кој константно пропаѓа.

    Последниот потег на Шеќеринска на преговорите, резултираше и со поразителниот договор кој СДСМ го доби во оваа рунда преговори.

    Имено, од оспоруваните 500.000 гласачи кои СДСМ безобразно ги нарече „фантоми“ на крајот мораа да признаат, па како утешителна солуција (за да не испаднат комплетни лажговци и манипулатори) договорот беше сведен дека по втор пат би требало да се проверат 39.000 гласачи.

    Позицијата за наметнување на цензура и инквизиторски казни врз медиумите исто така падна во вода, а во меѓувреме се договори формирање на нова комисија, а договор е паднат и за воведување на 50% помали казни за медиумите, наместо укинувањето или одземањето на лиценци кои ги бараше СДСМ.

    Ја загубија и битката за МВР.
    Бруталната партизација во МВР која ја наметна СДСМ преку Оливер Спасовски била неприфатлива за меѓународните претставници. Иако, последното тврдење е тешко веројатно, сепак информациите од присутни на преговорите говорат дека Шеќеринска немала многу оправдувања и морала да ги прифати укорите на странците. Новиот технички министер сега ќе има право да промени само 15 кадровски решенија, наместо 450 решенија за смени на актуелни функционери и полицајци во МВР кои ги изврши Спасовски.

    Преговарачкиот тим на Шеќеринска успеа да ја загуби и позицијата на СДСМ од претходно, а тоа е техничката влада. Сега, нема да има техничка, експертска или било каква друга форма на Влада без мандат кој претходно го добила од граќаните. Договорот од Пржино ќе престане да важи два дена по завршувањето на изборите.

    Како што дознаваме од лица вклучени во преговорите, единствено на што Шеќеринска била вистински фокусирана е како побрзо да се стави крај на разговорите, да се распуштат, за таа конечно да „можела да се одмори“.

     

    Желбата за бегство од Скопските горештини некаде на грчките плажи во нејзината луксузна јахта, повторно беше пресудниот фактор, и последниот тег на вагата на приоритети за Шеќеринска. Нејзиното уживање или доброто на граѓаните. Таа го одбра она првото, и ја закопа СДСМ!

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 332 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    сега шеќерина и заев може да тркнат во грчка да се искапат и да се повозат во јахтите... хехехе, постигнаа договор, море ај... полека, се ќе ви земеме со тек на време, или директ или концентрично...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024