БЕЗ ЛУДАЦИ НА МАСА НЕШТО И ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ: Откако невладините добија црвен картон, партиите стигнаа до договор!
Договорот кој денеска беше постигнат од страна на четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, беше поздравен од домашната и меѓународната јавност.
Веднаш по потпишувањето на договорот американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли изјави:
-Имаме добра вест да соопштиме дека партиите постигнаа договор речиси една година од нашиот договор во јули минатата година за понатамошна имплементација на договорот од Пржино. Наша надеж е дека со договорот ќе се постави патот кон кредибилни избори на кои сите ќе учествуваат и ќе бидат признати од сите партии.
Јоханес Хан, пак, реку својот Твитер профил порача дека конечно пристигнале „добри вести од Македонија“, додавајќи дека овој договор што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 11 декември е „важен чекор кон завршување на политичката криза“.
Со договорот треба да се стави крај на кризата „потпалена“ од СДСМ, а „разгорена“ со помош на невладините организации на Сорос и т.н. „Шарена револуција“.
Во неколку наврати невладините организации се обидоа да го минираат на договорот и бараа да бидат вклучени како експерти и советници на преговарачката маса. Ваквите дејствија може да се разберат како продолжена рака на СДСМ за кризата во државата да тлее што е можно подолго.
Апсурдните барања на претставниците на НВО секторот одеа до таа насока да уценуваат влез во Советот на АВМУ, или пак ако тоа не е изводливо, тие да бидат како надворешно тело и токму претставници на НВО и Сорос да наложуваат кого и колку да биде казнуван.
Врвот на апсурдни барања се случи во оној момент кога предложија т.н. експертска влада која не би била врзана со никакви рокови. Поточно она што го бараа беше без мандат даден од македонските граѓани, да влaдеат со некое фиктивно и неодредено ограничување, правдајќи се дека истото би било се до оној момент до кога не се спроведат препораките од Прибе.
Извор: “Инфомакс“
|