Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 6:16 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  August 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » August » 15 » Захарова зачудена од прекорот на Штајнмаер упатен до Русија
    8:34 PM
    Захарова зачудена од прекорот на Штајнмаер упатен до Русија

    Захарова зачудена од прекорот на Штајнмаер упатен до Русија

    Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер рече дека Русија го изненадила Западот со нејзината одлука да започне антитерористичка операција во Сирија.

    Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова реагираше на изјавата на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер според кого руската страна многу го изненадила Западот кога ја започнала антитерористичката операција во Сирија, напиша на својот „Фејсбук“ Марија Захарова.

     

    „Ако е тоа прекор поради неподготвеноста за воена соработка, тогаш тој не треба да биде упатен до Русија, туку до Западот“, вели Захарова.

    Таа смета дека токму Западот ја блокира воената соработка, вклучувајќи ја и размената на информации со Москва. Захарова нагласува дека Русија многупати има зборувано за потребата од задржување на контактите во воената сфера, макар и за итни прашања. Но Вашингтон ја одбива таквата соработка.

    „Доколку тоа е навреда поради несакањето политичка соработка за Сирија, и тоа не може да се прифати – до почнувањето на операцијата на ВКС во Сирија, претседателот на Русија во Генералното собрание ООН во Њујорк предложи да се формира обединет антитерористички фронт, коалиција за борба против ИДИЛ. Реакцијата на Западот ја паметиме – како да не ја слушнавме. Ова не е единствената спорна изјава на шефот на МНР Германија дадена на Уралскиот федерален универзитет. Но тој, несомнено, има право за едно – ние треба да се разбираме едни со други, а за тоа е потребно да се слушаме еден со друг“, заклучува Захарова. 

    Извор: “Руска реч на македонски“

    Views: 246 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025