(Видео)РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Расте бројот на загинати, регистрирани 60 „афтершокови“ неколку градови разурнати!
Централна Италија во текот на ноќта беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала. Бројот на жртвите изнесува најмалку шеснаесет.
Најмногу погодени од земјотресот се местата Аматриче и Акумоли. Службата за цивилна заштита соопшти дека десет жртви има во местото Пескара дел Тронто, петмина во Аматриче, а една жртва во Акумоли.
https://youtu.be/JILoq6wVUCQ
Земјотресот се случи на 76 километри од Перуѓе, утринава во 02 часот по полноќ. Земјотресот се почувствувал во цела Централна Италија, и во главниот град Рим.
Најмногу настрада градот Норција, со околу 5000 жители, кој се наоѓа само 10 километри од епицентарот . Втор најблизок град до епицентарот е древниот град Сполето, со 40.000 жители, кој се наоѓа на 35 километри од епицентарот.
Градоначалникот на малото гратче Акумоли, Стефано Петручи, за телевизијата РАИ изјави дека под урнатините се уште четири лица – семејство со две деца. Улиците во местото се блокирани, а струја нема. „Сега, кога сонцето изгреа, гледаме дека е полошо отколку што стравувавме“, изјави Петручи. Еден од жителите на Акумоли за РАИ рече: „Сѐ е разурнато.“
https://youtu.be/pjdjTYqmR70
Kaко што велат очевидците, земјотресот траел 30 секунди. Луѓето во паника излегле на улиците во градовите каде што се почувствувал земјотресот. Италијанските власти соопштија дека ја следат состојбата и дека дежурните екипи се на терен. Медиумите јавуваат дека има многу срушени згради и жртви.
Серџо Пироци, градоначалник на Норција, градот кој се наоѓа во близина на епицентарот, повика на итна помош:
- Се се сруши! Потребна ни е помош! Се обидувам некој да добијам. Овој град повеќе не постои-изјави тој за радио Раи.
https://youtu.be/jhhv16T8ha8
Земјотресот, кој се случи во 03:36 часот изутрина, е почувствуван во регионите Умбрија, Марке, како и во главиот град на Италија, Рим. Околу еден час потоа регистриран е и втор потрес со јачина од 5,5 степени. Италија е постојано потресувана од земјотреси. Во 2009 година силен земјотрес го разурна градот Л’Аквила. Тогаш животот го загубија повеќе од 300 луѓе.
Извор: “Инфомакс“
|