Отпадните води од туристичките одморалишта и од индустриските населби се закануваат да го загрозат екосистемот на најдлабокото езеро на светот.
Оди надолу за повеќе
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Бајкал е најголемо и најдлабоко слатководно езеро на светот. Се наоѓа во јужниот дел на Сибир и до него лесно се доаѓа од градовите Иркутск и Улан Уде.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Езерото содржи околу 20% од светските резерви на незамрзната слатка вода и се смета за еден од најчистите водни басени на светот. Затоа не е чудно што често се поставува прашањето колку може да се заработи од извоз на езерска вода.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Бајкал и неговата околина претставуваат живеалиште за животински видови кои само тука можат да се најдат, а од 1996 година езерото е ставено на списокот на Светско наследство на УНЕСКО.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Убавината на пејзажот и уникатното опкружување го прават Бајкалско езеро привлечна туристичка дестинација.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Еден од најважните овдешни настани е Бајкалскиот леден маратон кој се организира секоја пролет и на кој учесниците мораат да ја совладаат маратонската патека со стандардна должина од 42 километри и 195 метри, но по замрзнатата површина на Бајкал.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Но, индустрискиот развој го зема својот данок во вид на загадување на природата што неповолно влијае на чувствителниот екосистем на оваа област. Бајкалскиот комбинат за производство на целулоза и хартија од 1966 до 2013 година го исфрлаше отпадот во езерото и покрај протестите на локалното население.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Нафтената компанија „Транснефт“ претходно планираше да изгради цевковод кој би поминал во близина на брегот на езерото. Но, државата во 2006 година донесе указ со кој трасата беше поместена за 40 километри.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Мочуришните алги кои во Бајкал се појавија поради комуналните отпадни води од туристичките одморалишта и од индустриските населби се закануваат да го загрозат кревкиот екосистем на езерото.
ЕКАТЕРИНА ТУРИШЕВА
Според „Белата книга на басенот на Бајкалско езеро“ чие објавување беше помогнато со Програмата за развој на ОН, постојат околу 40 невладини организации кои активно работат на подигнувањето на свеста за загрозеноста на езерото и се трудат да го заштитат ова природно богатство на Русија, но и на целиот свет.
Извор: “Руска реч на македонски“