Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-10-16, 5:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  August 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » August » 27 » БЖЕЖИНСКИ ПОТПИША АМЕРИКАНСКА КАПИТУЛАЦИЈА!
    2:13 AM
    БЖЕЖИНСКИ ПОТПИША АМЕРИКАНСКА КАПИТУЛАЦИЈА!

    БЖЕЖИНСКИ ПОТПИША АМЕРИКАНСКА КАПИТУЛАЦИЈА!

    ..а ја потпиша симболично, во вид на глобална анализа од 1500 зборови, на 17 август 2016 година, со наслов „Кон глобално преуредување“/”Towards a Global Realignment”, во списанието The American Interest. Cheers, Zbigi!
    ....................................................................................................

    Како што најавивме во последниот текст на Зад Политиката, светот влегува во големата разврска. Главниот архитет на американскиот план за владеење со светот очигледно се откажува од својата децениска налудничава животна опсесија. Во својот последен текст, за многумина неочекувано, Збигњев Бжежински ја напушта својата вообичаена империјалистичко-хегемонистичка шема и, меѓу другото, повикува на „унапредување на врските со Русија и Кина“. (Целата негова анализа ја имате имате на линкот подолу). Макар и симболично, овој настан има огромно значење.

    За упатените, ова свртување од 180 степени на еден од изворите на американската империјалистичка идеологија е јасен сигнал дека многу моќни членови на американскиот политички естаблишмент (масовни убијци од највисок ранг, патем) кои креираат политики, повеќе не веруваат дека Вашингтон може да победи со својата надворешна политика чија цел е целосна доминација на планетава, глобален тоталитаризам од невидени размери. 

    Бжежински, кој беше главниот идеолог на оваа „идеја“ преку своето најпознато дело „Големата шаховска табла: Американскиот примат и неговите геополитички императиви“ (The Grand Chessboard: American Primacy and Its Geostrategic Imperatives) сега на драматичен начин повикува на ревизија на таа стратегија. Неговата шаховска табла е превртена, фигурите му паднале на под, а тој пред својата смрт конечно бидува соочен со залудноста на неговиот живот и со реалноста која од ден на ден станува се повидлива за сите: Америка нема да владее со светот. Со светот ќе владее Светот.

    Еве еден извадок од неговиот најнов текст: 
    “Како што ерата на нивната доминација завршува, САД треба да преземат водство во преуредувањето на глобалната архитектура. Пет основни вистини во однос на прераспределбата на глобална политичка моќ и насилното политчко будење на Блискиот Исток го сигнализираат доаѓањето на новото глобално преуредување. Првата од тие вистини е дека САД се уште се најмоќен светски политички, економски и воен ентитет, но со оглед на сложените геополитички изместувања во регионалните рамнотежи, тие повеќе не се глобална империјална сила.“ Аха.

    Повторуваме: Америка „повеќе не е глобална империјална сила“. Автор: Збигњев Бжежински, истиот оној кој своевремено, во „Големата шаховска табла“ напиша дека Америка е „врховна светска сила“. 

    Цитираме понатаму:
    „Факт е дека никогаш немало вистински „доминантна“ глобална сила до појавата на Америка на светската сцена...Решавачката глобална реалност беше појавата на Америка како симултано најбогат и воено најмоќен играч. Во текот на 20 век ниту една друга сила не се ни доближи до тој статус. Таа ера сега завршува.“

    Но зошто „таа ера сега завршува“? Што се случи со „врховната моќ“?

    Се разбира, Бжежински образложува на свој високопарен начин, без притоа да спомене што предизвикаа неговите/американски визии за светско владеење. А еве што предизвикаа: ужасни војни, економски колапси, страдање на населенија, убиства, поттикнување немири, контролирани конфликти, цивилизациски колапси, културни геноциди, дехуманизирани луѓе, обоени револуции, безперспективност, сиромаштија и смрт ширум планетата.

    Еве како во 1997 година, во „Големата шаховска табла“, тој „високопарно“ и лапидарно образложи како да се воспостави американска светска доминација, :

    „...трите големи императиви на империјалната геостратегија се да се спречи дослух и да се одржува безбедносна зависност меѓу вазалите, наплатите да се држат еластични и заштитени и да се спречува обединување на варварите.“

    Баш хумано од негова страна, зарем не? „Да се спречува обединување на варварите“. Зарем тоа не кажува се?

    И така, наспроти психопатите кои веруваа дека можат да владеат со светот, варварите ширум истиот тој свет и без да се обединуваат, се дигаат против невидливото ропство кое една жална империја во обид, со низок цивилизациско-културолошки потенцијал, се обиде да им го наметне со сила и уцени. Вистинска империја шири култура, а не смрт; тоа тие луѓе, несудените светски владетели, никогаш не го сфатија. Таква им е и културата што им ја понудија на „вазалите“ – култура на смрт и насилство. Тоа е вистинскиот варваризам.

    Всушност, Бжежински уште поодамна сфати дека неговиот проект пропаѓа. Во 2008, во текстот со наслов „Глобалното политичко будење“, тој напиша:
    „За првпат во историјата, речиси целото човештво е политички активирано, политички освестено и политички активно. Глобалниот активизам создава еден бран на барања за културно почитување и економски можности во еден свет престрашен од спомените за колонијалната или империјалната доминација.“

    Потоа, големиот визионер за империјална доминација молчеше, надевајќи се дека неговиот пулен, Обама, добитникот на Нобелова награда за мир, кој предизвикувајќи серија крвави кризи без преседан, доведувајќи го светот на раб од глобална војна, ќе успее да го спроведе планот за колонизирање и експлоатација на варварите. Но тие варвари ширум светот, вклучително и македонските, и покрај се, покажуваат подлабок цивилизациски отпор и истрајна култура против она што всушност претставува вистинско дивјаштво: владеење исклучиво со помош на сила и разурнување.

    Всушност, ако сакаме да бидеме претпазливи, ќе кажеме дека во заднината на оваа наводно помирувачка ескапада на Бжежински стои еден очаен обид да се спаси тоа што може да се спаси од пропаста на империјата, кое и самиот тој предвидува дека може да оди дури и до ниво на нов американски изолационизам. Имено, тој меѓу редови на своето писание предлага, преку геополитичко повлекување од налудничавиот проект за Нов светски поредок, „САД да преземат водство во преуредувањето на глобалната архитектура“. Со други зборови, да се зачува постојниот систем на уредување и на доминацијата на долар-системот како резервна светска валута. 

    Така, САД би купиле време до евентуален нов обид за остварување на т.н. Manifest Destiny, т.е. лудиот сон за владеење со светот. Ако се може, де. Се разбира, секој нормален и добронамерен жител на планетата Земја на ова би требало да одговори токму во народен американски манир: 

    Yeah, sure.
    Да, секако.

    ......................................................................................................

    ........................
    Оригиналниот текст на Бжежински: http://www.the-american-interest.com/2016/04/17/toward-a-global-realignment/

    Повеќе за улогата на Бжежински тука: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1666623213578884&id=1664120623829143&substory_index=0

    За суштинската функција на долар-системот тука: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1673678812873324&id=1664120623829143&substory_index=0

    Извор: “ЗАД ПОЛИТИКАТА“

    Views: 260 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024