СКАНДАЛ: Заев политички агитира кај првооделенци
Опозицискиот лидер Зоран Заев на најгруб начин ја вмеша политиката во образованието. Тој денес на својот фејсбук профил повторно објави видео според инструкциите на неговите пи-ар консултанти од Белград, кои тамошните медиуми ги нарекоа „Сејачи на скапа магла“.
Утре 21.213 првачиња за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Ниту детската невиност не е на цена во СДСМ кога се во прашање политичките поени. Несфатливо но реално, сејачите на скапа магла повторно го советуваат Заев да си дава автоголови и да предизвикува скандали.
И додека е во ред да им се обраќа на родителите и на професорите, еден одговорен и паметен политичар никако не смее да си дозволи да им се обраќа на најмладите во видео кое има за цел политичка агитација, како што тоа го направи Зоран Заев денеска.
Во видеото во кое им се обраќа и на најмладите Заев вели:
„Ве уверувам доаѓа време без трауми и контроли и лоши екстерни тестирања. Доаѓа време на креативност и слобода на изразување. Промените заедно ќе ги дочекаме уште оваа учебна година со успех.“
Пред само неколку дена Заев се појави на стадионот „Филип Втори“ и објави селфи на кое допиша: „Навиваме за Шкендија“. Јавноста го дочека на нож неговото навивање заедно со „балистите“ од Тетово за кои поделена Македонија ќе ја роди третата албанска држава, македонското знаме треба да гори, а „македонското девојче“ да се занимава со најстариот занает, според квалификации од другарите на Заев, навивачите на Шкендија.
Утредента според советите на сејачите на скапа магла до Белград, Заев исто како и кон првооделенците, им се обрати на сите македонски граѓани во обид во прво лице да го испере срамот од навивањето под знамето на Џемо Хаса. Не само што не успеа да го исчисти срамот, туку во апсудрното и трагикомично видео Заев не се ни обиде да се огради од навивањето за Шкендија на неговите „другари балисти“ кои извикуваа пароли за Голема Албанија.
После овој огромен блам, српските пи-ар „сејачи на скапа магла“ вчера се обидоа преку најпровидна нарачка на српски „Курир“ да го одвлечат вниманието од Заев и да го насочат кон Никола Груевски, со потполно измислени текстови и фабрикации налик оние на Фабриките за афери на Чауш и СДСМ.
Обидот им заврши неславно. Овој српски весник, чиј поранешен уредник е фатен на камери како конзумира кокаин, е чест соработник во кампањите кои ги организира СДСМ/Сорос во соработка со пи-ар консултантите за кои Заев се надева дека ќе му го подобрат имиџот.
Според денес виденото, дното ќе биде често пробивано од страна на СДСМ/Сорос во кампањата која е речиси пред нас.
Извор: “Инфомакс“
|