Почесниот конзул на РФ со честитки по повод Денот на независноста на РМ
По повод одбележувањето на 8-ми септември, Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Самсоненко им го честиташе на сите македонски граѓани Денот на независноста.
По повод одбележувањето на 8-ми септември, Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија во Битола Сергеј Самсоненко им го честита Денот на независноста на Република Македонија на сите македонски граѓани.
Во честитката Самсоненко вели:
„Овој ден е најзначаен датум во македонската историја, симболизирајќи ја одлуката на македонскиот народ да создаде самостојна и независна држава. Изразувам длабока почит на одлучноста за создавање суверена и рамноправна Македонија за сите народности кои живеат во неа. Посакувам траен мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот.
Со срдечен поздрав и желба за социјален, економски и политички напредок, уште еднаш ви го честитам Денот на независноста на Македонија“, стои во честитката на почесниот конзул на РФ во Република Македонија.
Извор: “Руска реч на македонски“
|